Авион на авиокомпанијата „Американ ерлајнс“ со 285 патници и членови на екипажот, кој летал од Њујорк за Делхи во Индија, попладнево принудно слета на аеродромот „Фиумичино“ во Рим поради закана за бомба, јавуваат светските медиуми. На снимка која се појави на социјалните мрежи, се гледа како патничкиот авион лета придружуван од два борбени авиони. Ова е стандардна процедура која се прави од безбедносни причини во вакви ситуации.
Footage of AAL292 that's being escorted by fighter jets. https://t.co/WO7gaN0Z14 pic.twitter.com/Hu8odFcQZj
— 南洋辉叔 Uncle Hui (@alexcmhwee) February 23, 2025
Сите служби на аеродромот во Рим беа во состојба на готовност, а авионот слетал безбедно, јавуваат медиумите. „Безбедноста и сигурноста се наши врвни приоритети и им благодариме на нашите клиенти за разбирањето“, се вели во соопштението на авиокомпанијата. Висок функционер информиран за ова прашање изјави за „Еј-би-си њуз“ дека заканата за бомба била примена по електронска пошта, но било утврдено дека е лажна.