Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, во врска со со вртоглавииот раст на цените на храната го запраша премиерот Мицокоски дали сега ќе го прифатите предлогот на СДСМ за унинување на ДДВ за основните прехранбени производи. Во продолжение интегралниот текст на прашањето: „Моето второ прашање до вас премиере Мицкоски е повторно поврзано со вртоглавиот раст на цените на храната. Животот на повеќето граѓани е претворен во секојдневна борба, како да го преживеат месецот. Цените се плафон, и овој тренд продолжува. Граѓаните се доведени да бираат што и колку ќе пазарат само од основните производи, не зборуваме за луксуз. А да не не ги споменувам сметките кои треба да ги плаќаат.
Премиере вие откако дојдовте како да имате изгубено допир со реалноста, како да не сте влегле во продавница и со свои очи да видите што се случува па најавувате купување на авион за функционерите од владата. Просто да се чуди човек колку може власта да ве одлепи во облаците. Додека луѓето немаат леб вие на авиони за себе мислите. Не знам дали ги видовме последните податоци овој месец, минималната синдикална кошница достигна 63.252 денари, што е пораст од скоро 400 денари месечно, а во споредба со јануари 2024 година, зголемувањето е за 6.000 денари. По која математика, граѓаните со две минимални плати од 22.567 денари, да ги покријат овие трошоци?
СДСМ понуди решение за реално намалување на цените на основните прехранбени производи, но вие упорно водите инат и не го прифаќате. Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, со што семејствата би заштедиле до 2.000 денари месечно или 24.000 денари годишно. Моето прашање до вас е, откако сфативте дека вашите мерки дожвеаја дебакл и се тотално неефикасни, дали сега ќе го прифатите предлогот на СДСМ за укинвање на ДДВ за прехранбените производи? Се надевам ароганцијата со којашто ги одбивавте мерките на СДСМ сега ќе ја стишите малку.“