Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Мицокоски дали ќе го прифати предлогот на повеќето синдикати за зголемување на минималаната плата на над 500 евра. Тренчевска посочи дека со буџет од 6 милијарди евра, народот да ни осиромашува, премиерот најавува купување на авион за владата. Во продолжение интегрален текст на прашањето: „И моето трето прашање до вас премиере Мицковски е поврзано со животниот стандард на граѓаните. Додека трошоците за живот растат од месец во месец, платите и натаму стагнираат.
Донесовте најголем Буџет во историјата тежок 6 милијарди евра, во кој нема пари за повисоки плати, ама имате пари за нов авион. Тоа се тие ваши приоритети, вашите интереси се пред интересите на граѓаните очигледно. Вие премиере Мицкоски ја прекинавте спирлата на раст на платите, на најнеодговорен начин го прекинавте воспоставениот систем на СДСМ за котинуиран раст на платите. Да ве потсетам, во мандатот на СДСМ платите растеа во време на најголемите кризи. За прв пат Владата на СДСМ ја зголеми минималната плата за 100 проценти во однос на 2016 година, односно на сегашните 22.567 денари, додека просечната месечна нето-плата од 22.460 денари, се зголеми на 42.000 денари. Сега, иако ветувавте покачување на платите, работниците се оставени на маргините на општеството. Да сакавте и вистински да се грижите за граѓаните ќе го прифатевте предлогот на СДСМ за раст на минималната плата, која со овој тренд на раст на цените и трошоците, веќе мора да биде над 500 евра. Тоа е минимум, за да може со две минимални плати да се покрие синдикалната кошничка која достигна 63 илјади денари
Ги игнорирате барањата на работниците и на Сојузот на синдикати кој ве повика да ја зголемите минималната плата. Растот на минималната плата не е само економска потреба, туку и морална одговорност на секоја влада. Премиере, ако има пари за авион не може да нема пари за поголеми плати за работниците. Не може да има 6 милијарди евра а народот да ни осиромашува. Моето прашање до вас е дали дали конечно ќе се вразумите и ќе го прифатите предлогот на Синдикатите за минимална плата од над 500 евра?“