Сосема гол маж денеска го искористил сончевиот ден за релаксирачки џогинг во Охрид, нарушувајќи го спокојот на луѓето кои шетаат по кејот, но и граѓаните кои се нашле во центарот на градот, објави „А1он“. Според порталот, човекот сред бел ден, „како од мајка роден“ протрчал по целата должина на кејот, продолжувајќи кон плажите, без никој да го запре. Снимки од несекојдневниот инцидент се објавени на социјалните мрежи. Според она што се гледа на видеата, голиот маж го претрчал речиси целиот центар на градот, додека дел од граѓаните му довикуваат погрдни зборови.
Гол маж се шета низ Охрид.. pic.twitter.com/Ig4JeiEKja
— ВИЌО ИНСПЕКТОР (@VikoInspektor) February 5, 2025