Непознат маж вчера во сред бел ден уринираше врз свеќите и цвеќето за жртвите од падот на кровот на железничката станица во Нови Сад. Неколку десетици граѓани подоцна вечерта се собраа на истото место и го измија просторот каде непознатиот маж го осквернави со мокрење, објавија медиумите во Нови Сад. Во неделата, на социјалните мрежи се појави видео од човек како мокри на свеќи, плишани играчки и пораки што граѓаните ги оставаат таму со месеци.
View this post on Instagram
Граѓаните на Нови Сад и опозицијата побараа од властите итно да го идентификуваат и процесираат ова лице, со оценка дека оваа постапка претставува „дополнителна потврда за легитимирањето на монструозноста на насилниците“ кои со месеци вербално и физички напаѓаат студенти и граѓани, објави новосадскиот портал „Autonomija.info“.