Стопанственикот Илија Николов, сопственик и менаџер на штипскиот бренд Актива, во денешното издание на емисијата Стадион на Канал 77, изјави дека смета дека унгарскиот кредит е добра и квалитетна одлука на владата и дека договорот е добар за државата и под поволни услови:
- Од мое лично видување, еден добар потег од страна на владата. Условите под кои што се пласираа средствата исто така се многу поволни, ова е еден, по мене, историски настан, затоа што вакви поволни услови, со ниска камата и со подолг период на враќање, со коректен грејс период од три години. Ова е сериозен исчекор во делот на помош на економијата, на стопанството претежно, на производните фирми. Во секој случај е многу поприфатливо од комерцијалните услови што ги имаме со банките. Ние како Актива аплициравме за оваа работа, очекуваме негде една кредитна линија од 10 милиони евра да добиеме од овој дел што е одреден за стопанството и мислам дека тоа ќе биде реализирано. Нашата инвестиција ќе биде нов проиводен погон од 8 илјади квадрати, што ќе биде составен дел на сегашниот производен погон кој што е околу 40 илјади квадрати, со што вкупната површина на фабриката ќе биде 48 до 50 илјади квадрати и плус еден дел од средствата ќе бидат употребени за набавка на нови машини и нови технологии. Со тоа ќе имаме и нови вработувања заради зголемениот обем на работа и овој дел совршено се поклопува. Мислам дека овие средства требаше повеќе да бидат фокусрани на стопанството, затоа што ние сме тие кои што буквално ги креираме давачките кон државата, се полни буџетот еден голем дел од нашите додатни вредности кои што ги исплаќаме према државата, смета Николов.
Според Николов, државата требаше поголем дел од средствата да обезбеди за бизнисот во однос на општините, наместо сегашните 50:50: 50% од овие средства, 250 милиони евра, идат во стопанството, а 50% во општините, во локалната самоуправа, нормално нели, добро е и тоа за развој на општините, но како ќе се враќаат тие средства, колку ќе бидат корисни за локалните самоуправи, кој тоа ќе го одредува. Сепак, мислам дека, многу подобро ќе беше ако еден поголем дел, барем да беше соодносот 60-40 или 70-30, нормално и за развој на општините, ние треба да го имаме тоа предвид, меѓутоа мислам дека пласманот кон компаниите би бил многу подобар и за самата држава, бидејќи на подолг период бенефитот ќе биде многу поголем за државата, подвлекува Николов. Гледајте ја целата емисија Стадион на линкот: