Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски влезе во кавга со новинарот на Инфомакс, Милош Милошевски на социјалната мрежа Фејсбук. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски влезе во кавга со новинарот на Инфомакс, Милош Милошевски на социјалната мрежа Фејсбук. Милошевски му посочи на Петрушевски дека е срамно да ги напаѓа синдикатите на прес-конференции како што тоа го прави со денови затоа што делува дека не сака да се зголеми минималната плата од 400-тини евра. -Ова е Бране. Бране граѓаните го плаќаат 3 илјади евра месечно за да излегува на телевизија и да ги убедува дека 400 евра се сосема доволни за нормален живот. Немој да бидеш како Бране.
Петрушевски му реплицираше на Милошевски со низа навреди на социјалниет мрежи нарекувајќи го квази новинар и партиски бот. -Милош Милошевски најди моја изјава во која убедувам дека 400 евра се сосема доволни за нормален живот, и јас веднаш ќе дадам оставка од функцијата пратеник. Во спротивно не очекувам извинување од тебе, бидејќи очигледно од квазиновиннар си станал партиски бот. Воедно, платата на пратениците е јавен податок и е далеку помала од 3 илјади евра. Исто и ова за платата доколку го поткрепиш со доказ, и тогаш давам оставка, а во спротивно повторно од тебе не очекувам извинување. Имај убав ден, пишува Петрушевски на Фејсбук. На сево ова доби неочекуван одговор од Милошевски со видео доказ, погледнете: -Oва е Brane Petrusevski пак… Бране во опозиција тврди дека минималната плата треба да биде илјада евра, а кога е на власт вели дека минималната плата во бројка не мора да се зголемува туку ќе расте нејзината куповна моќ. Бране се налути на мојот претходен Фејсбук пост. Еве ако е на страна на работниците нека предложи минимална плата како што предлагаше во опозиција од 1000 евра. Бране не знае дека она за кое што се залагаш се покажува со дела, а не со зборови. Не биди како Бране.