Фудбалерите на Феенорд се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако денеска на Сан Сиро ремизираа 1:1 со Милан во реваншот од плејофот. Холандскиот претставник се пласираше во следната фаза откако во првиот натпревар славеше со резултат 1:0. Милан поведе уште во првата минута, поточно во 38. секунда преку поранешниот напаѓач на Феенорд, Сантијаго Хименез, а израмни Јулијан Каранца во 73. минута. Натпреварот го реши „глумата“ на Тео Ернандез, кој во 51. минута доби втор жолт картон поради обид да изнуди пенал.
Играчите на Феенорд во осминафиналето ќе играат против Интер или Арсенал.