По вчерашните натпревари во Лигата на шампионите вечерва се играше и последното коло од Лигата на Европа во кое не видовме некои посебни изненадуваања. Манчестер јунајтед сезоната во Лига Европа ќе ја заврши на третата позиција откако вечерва славеше триумф над ФЦСБ во Романија со 0:2. Првото полувреме не донесе преголеми возбудувања, а победата „црвените ѓаволи“ ја обезбедија со головите во ториот дел. Прво Далот го отвори резултатот во 60. минута, а осум минути подоцна Маино погоди за 0:2. На табелата Манчестер јунајтед има 18 бода, бод помалку од Лацио и Атлетико Билбао кои завршија на првата и втората позиција.
Фенербахче беше на работ да доживее елиминација, сепак тимот на Мурињо со освоениот бод успеа да заврши како 25-ти и да оди во плеј-офот. Диао донесе водство за домаќините во 27. минута, а Ел Несири само осум минути подоцна стрелаше за израмнување. Во вториот дел по само две минути игра Џеко погоди за пресврт, а водстовото на турскиот гигант беше актуелно се до последните моменти кога Бишков погоди за 2:2.
Најефикасниот натпревар вечерва го одиграа Андерлехт и Хофенхајм, а славеа гостите со 3:4. Сепак, тоа не беше доволно за германскиот тим да помине во следната фаза, додека Андерлехт и со поразот заврши како десетти.