16.8 C
Скопје
08/05/2025 20:40
МАКТЕЛ

     

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

      

Иако поминаа речиси половина век од неговото снимање, „Исправи се, Делфина“ и натаму е крајно допадлив филм што се гледа со задоволство заради сторијата, глумата, музиката… Филмот не е документарна приказна, туку сосем слободна интерпретација за пливачкиот подвиг на охриѓанката Атина Бојаџи и горчливо-слатките ситуации од нејзиниот живот. Долгометражниот игран филм „Исправи се, Делфина“ на режисерот Александар Ѓурчинов е претставник на модернистичкиот филмски бран од седумдесеттите години на минатиот век и сигурно спаѓа во евергрин насловите на македонската кинематографија. „Исправи се, Делфина“ е прв и единствен долгометражен игран филм на Ѓурчинов, а неговата сторија е инспирирана од историскиот подвиг на пливачката од Охрид, Атина Бојаџи. Филмската приказна започнува токму со нејзиниот подвиг, препливувањето на каналот Ла Манш на 09.09.1969 година. Бојаџи го соборила тогашниот светски рекорд и го препливала Ла Манш за неполни 13 часа.

Иако Бојаџи делумно учествувала во креирање на сценариото (и се појавува сосем накратко во една сцена), „Исправи се, Делфина“ не е документарна приказна, туку сосем слободна интерпретација за нејзиниот пливачки подвиг и животни ситуации. Главниот лик во филмот, Делфина (ја игра Неда Арнериќ), сакајќи да ги преброди животните проблеми и падот во дотогаш успешната спортска кариера, решава да се соочи со еден од најголемите предизвици во маратонското пливање – каналот Ла Манш.

   

Таа е придружувана од нејзиниот тренер Атанас (Дарко Дамевски) и пријателот Петко (Диме Илиев), единствените пријатели кои веруваат во нејзиниот потфат. Филмот е раскажан во флешбекови низ кои дефилираат Младен (Слободан Димитриевиќ), на почетокот нејзин тренер, а потоа и љубовник, како и други личности кои сакаат да „откинат“ дел од нејзината младост и слава. Следуваат успеси во пливањето, но по разочарувањето во љубовниот живот Делфина е скршена личност. Новиот почеток во животот го бира низ најтешкиот предизвик, да го преплива Ла Манш. Откако ќе го постигне тоа, Делфина во Скопје е пречекана како хероина, но таа решава да го напушти Скопје и да тргне по некој свој пат… Атина Бојаџи пред 24 години во интервју за дневниот весник „Вест“ ја раскажа нејзината животна приказна.

Уште додека бев средношколка во Охридската гиммазија, го запознав мојот сега веќе за жал покоен сопруг Мичо Видаковиќ. Веднаш се вљубив во него. Се омажив за многу кратко време, многу млада, само што го бев завршила средното училиште. Како тој беше воено лице, веднаш откако се земавме се преселивме во Белград. Син ми Новак се роди на први јануари 1965, од таму и името Новак. Во Белград ми беа понудени најдобрите можни услови за тренинг. Се зачленив во клубот “Црвена Звезда”. Таму завршив вишо тренерско, и вишо воспитачко училиште..., раскажа Бојаџи. На почетокот на осумдесеттите години од минатиот век Бојаџи заминува во САД, каде што е пливачки тренер, а се вратила во Белград во 1991 година. Заради син ù се преселила во Сараево, не насетувајќи дека следните неколку години ќе мине низ воениот пекол во Босна и Херцеговина. По низа перипетии се враќа во Македонија, каде што работеше во Пливачкиот сојуз на Македонија и беше еден од организаторите на Охридскиот маратон. Во „Исправи се, Делфина“ неколку сцени се снимени во ентериери или екстериери на објекти кои се изградени подоцна од реалниот период во кој одвива сторијата на филмот.

Градскиот трговски центар (ГТЦ) и хотелот „Континентал“ се изградени и пуштени во употреба подоцна од пливачкиот подвиг на Бојаџи. Изградбата на ГТЦ започнала само неколку недели по препливувањето на каналот Ла Манш од страна на Бојаџи, на 11 Октомври 1969, а пуштен во употреба на 27 април 1973. Хотел „Континентал“ иницијално е изграден за сместување на учесниците на Шаховската Олимпијада која во 1972 година се одржала во Скопје. Финалната сцена од „Исправи се, Делфина“ е снимена во ентериерот на хотелот и продолжува на скалите кои водат надвор. И ГТЦ и хотел „Континентал“ со децении беа најрепрезентативни заштитни знаци на урбаниот пејзаж на постземјотресното модерно Скопје. Музиката за филмот „Исправи се, Дефина“ е напишана наменски.

Композиторот и пејач Славе Димитров е автор на оригиналните сонгови за филмот, „Делфина“ и „Каде песно моја“, на песните кои ги исполнува групата „Македонија“, како и на останатите музички теми во филмот. Паралелно со премиерата и прикажувањето на филмот, голем успех доживеала и сингл-плочата со двете песни од филмот, во издание на Продукцијата на грамофонски плочи на Радиотелевизија Белград (ПГП РТБ). Во секој случај, иако поминаа речиси половина век од неговото снимање, „Исправи се, Делфина“ и натаму е крајно допадлив филм што се гледа – и слуша! – со големо задоволство заради сторијата, глумата, музиката… Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski

НАВИСТИНА ПРИВЛЕКУВА ПОГЛЕДИ НОВАТА OPEL MOKKA БЛЕСКА ВО НОВИТЕ БОИ

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани: „Реформите се постојана обврска заснована на докази, транспарентност и јавна доверба“

Sase Ivanovski

Македонска опера и балет: Риголето, Лебедово езеро, Набуко – почнуваат Мајски оперски вечери!

Sase Ivanovski

Николоски: Арсовска целосно потфрли, ќе понудиме квалитетен кандидат за Скопје

Sase Ivanovski

Заврши Генералното собрание на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт- донесени се повеќе одлуки

Sase Ivanovski

Георгиевски: Изградивме ново основно училиште, нов дел на градинка, нов спортски комплекс, ја развиваме општина Илинден во современо место за живеење

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС измислува анкети, Филипче си ги лечи фрустрациите со лажни бројки

Sase Ivanovski

Национална платформа за вработување на Роми – Отворање на економскиот потенцијал преку инвестирање во ромската заедница

Sase Ivanovski

СООПШТЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ КНИЖЕВЕН ФЕСТИВАЛ “ОТВОРЕН КРУГ”

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Со што толку ги задолжил наркодилерот Андон Стојков СДС и Филипче што не се оградуваат од него?

Sase Ivanovski

Промоција на нов хумористичен роман од Кацаров во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години

Sase Ivanovski

Во израелски напади врз ресторан и пазар во Газа загинаа 33 Палестинци

Sase Ivanovski

Кој ќе касне праска, ќе порасне, ако има 600 денари за килограм!

Sase Ivanovski

Скопјанец осуден на една година условно за коментари против ЛГБТ заедницата и повикување на насилство

Sase Ivanovski

Во изминатите два дена 1.452 сообраќајни прекршоци, 258 за брзо возење

Sase Ivanovski

Муртезани: Реформската агенда 2024 – 2027 има способност да ги претвори политичките приоритети во видливи промени

Sase Ivanovski

Тројца албански криминалци уапсени во Дубаи, ќе бидат екстрадирани во Тирана

Sase Ivanovski

ГТЦ и Градска болница од утрово се без вода поради дефект на улицата кај „Холидеј ин“

Sase Ivanovski

Николоски: Не верувам дека Таравари е толку наивен да изврши политичко самоубиство и да заврши во прегратките на ДУИ

Sase Ivanovski

Мистеријата на доцнењето на црниот чад: Што навистина се случува зад затворените врати на Конклавата?

Sase Ivanovski

Обвинет призна вина за ширење омраза кон маргинализирана група

Sase Ivanovski

Вработена на универзитет во Варшава убиена во напад со секира

Sase Ivanovski

ДЗР: Недостатокот на стручен кадар, просторни и други услови ја ограничува функционалноста и искористеноста на современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра

Sase Ivanovski

Нова размена на оган меѓу Пакистан и Индија

Sase Ivanovski

Швајцарскиот франк наполни 175 години

Sase Ivanovski

Ирска: Двајца Бугари осудени на 10 години затвор за шверц на 300 килограми кокаин

Sase Ivanovski

Нема конкретен датум, Мицкоски планира во најскоро време да се сретне со родителите од Кочани

Sase Ivanovski

Украина се откажува од доларот, еврото станува нова референтна валута?

Sase Ivanovski

По Индија, во „фаза на брза војна“ влегува и Кина за да го нападне Тајван

Sase Ivanovski

Солун: Уапсени 28 членови на крајно десничарската организација заради грабежи и насилни дела

Sase Ivanovski

Ескалација на насилството во Кашмир: Артилериските напади одзедоа животи на цивили, бројот на жртви се зголемува

Sase Ivanovski

Страшна несреќа во Хрватска: Тројца загинати откако автомобил падна во река

Sase Ivanovski

Апасиев потврди дека е во Москва: Не сум во задњи ред кај Трамп, добив официјална покана

Sase Ivanovski

“Низ Бугарија, Турција до Азербејџан, низ Грузија, преку Каспиското Море” Вучиќ раскажа по кој пат стигнал во Русија

Sase Ivanovski
Вчитувам....