Меѓу граѓаните кои излегоа на денешниот протест на семејствата на загинатите во пожарот во Кочани, се најдоа и професорите Љубомир Фрчкоски и Оливер Андонов. Велат дека дошле да им дадат утеха на родителите за големата загуба на своите најмили и дека никој не може да ја намали нивната болка. „Јас сум тука да им дадам солидарност во болката на овие луѓе и да ги поддржам во барањето правда. Тоа е суштински. А дали ќе успее обвинителството тоа да го истера зависи од тоа дали ќе има храброст да ги именува главните виновници за тој фатален пожар. Во овој момент тие остануваат надвор од досегот на правдата“ рече Фрчкоски.
View this post on Instagram