Maкедонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше предводник на Париз во победата над Болоња во Евролигата (77:83). Болоња три четвртини имаше контрола над резултатот на моменти и со двоцифрена предност, но предводен од Шортс, францускиот тим успеа да дојде до победата. Репрезентативецот на Македонија средбата ја заврши со 16 поени, шест асистенции и девет изнудени лични грешки. Драматичен натпревар вечерва гледавме во Барселонаа каде што шпанскиот состав беше поразен по голема борба од Олимпијакос (88:90).
Натпреварот се решаваше во последните моменти кога Везенков имаше свое шоу, а Пантер одговори со одлично изведени слободни фрлања во последната минута и на десетина секунди пред крајот резултатот беше 88:88. Тогаш топката ја зеде Фурние кој одлично се знаје и со звукот на сирената донесе победа за својот тим.
EVAN FOURNIER FOR THE WIN🥶#RivalrySeries #MotorolaMagicMoments I @Moto pic.twitter.com/PGDIPqXXXx
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) February 7, 2025
Најефикасен беше Везенов со 24 поени, 20 додаде Вилијам Гос, а Фурние средбата ја заврши со 18. На спротивната страна Пантер уфрли 20, Мету 16. Во преостанатиот натпревар Басконија на свој терен беше подобра од Макаби со 89:92. Партизан во натпреварот кој се играше во првиот термин беше убедлив против Монако со 69:86.