Во вчерашното полуфинале ПСЖ го елиминираше Арсенал и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, но славјето низ улиците премина во немири со повредени, уапсени, автомобили во пламен, солзавец. Најмалку три лица се повредени во намерно предизвикана несреќа откако автомобил се залета во масата луѓе во текот на славјето, пренесува „Франс прес“.
Инцидентот се случил во близина на Шанз-Елизе. Париската полиција во три часот наутро извести дека 43 лица се уапсени, имало запалени автомобили и направена е голема штета на продавници. „Ле Паризиен“ додава дека хулигани фрлале предмети на полицијата која морала да употреби и солзавец за да ја расчисти масата. Главниот полициски синдикат се пожали на социјалните мрежи поради хаосот кој се случуваше во Париз.
View this post on Instagram