Впрочем и двете понудени игри се направени на тематска линија „Естетика на грдото“. Но начинот на нивна промоција секако не е за пошироката публика. Но и покрај тоа што само одредена публика ќе ги сака и цени овие две игри, ги имаат поставено за бесплатно превземање неделава. Oваа недела Epic Games нудат две бесплатни хорор игри на промоција да се превземат до четврток. Се работи за игрите „Dead Island 2“ и „Happy Game“. Двете игри се со експлицитни содржини и хорор сцени кои се гротескни. Dead Island 2 е акциона игра со преживување и убивање хорди на зомби армии во постапокалиптична атмосфера, но со комични додатоци. Иако самата игра е премногу крвава и е со ознака 18+ за годишната граница. Но ни „Happy Game“ не заостанува во слични нивоа на истиот терк.
Dead Island 2 е продолжение на серијалот што е сублимат од сите најпознати игри со зомбиња, каде во подконтекст зомбијата се споредуваат со конзументи, со нота на ироничен хумор. Иако играта е толку експлицитна и на моменти одвратна што на никој што ја игра не би му било до смеење освен ако не сте навикнати на вакви содржини. Играте со тим на тинејџери со различни способности и оружја. Има надоградување на скилови, инвентивни направи за уништување зомбија направени од предмети од покуќнина и секој следен ден во играта е наменет за различни надоградби на вашата база. На петтиот ден куќата се преплавува со масовен, несопирлив, наплив на зомбија од кои треба да си ја штитите територијата на која преживувате.
Иако во подконтекст оваа игра ја критикува популарната „токсична позитивност“, во играва има премногу хорифични, крвави и просто страшни сцени. Главните ликови потсетуваат на Кодама – „шумските духови на дрвјата“ (во извитоперено издание). Налик на карактери од популарниот аниме филм на на Хајао Мијазаки наречено „Принцезата Мононоке“ од Студио Џибли. Оваа игра потсетува и на серијалот „Ори“ и цела редица платформски игри за кои имаме и други написи овде. Играта е оценета за публика над 16 години, иако треба да е со ознака 18+ во секој случај.
Прашањето е дали Епик Гејмс сакаат навистина да ги згрозат корисниците на нивната платформа со вакви игри, или едноставно таргетираат публика на која што им се допаѓа хорор жанрот со голема употреба на карактеристиката „Blood and Gore“. Впрочем и двете понудени игри се направени на тематска линија „Естетика на грдото“. Но начинот на нивна промоција секако не е за пошироката публика. Но и покрај тоа што само одредена публика ќе ги сака и цени овие две игри, ги имаат поставено за бесплатно превземање неделава. Хорор жанрот најчесто се цени од две причини, поради симболиките и персонификациите со критички пристап кон реалноста и општеството воопшто, а втората причина е што играчите на хорор игри сакаат да се покажат дека ништо не ги плаши. Извор: Новинска агенција МЕТА