Од свинската плешка која се пече во фурна повеќе од 4 саати месото од мекост само се двои, а конците од месо се ептен вкусни дури и да ги јадете без ништо. Со конците направивме тортиљи со додаток на салати и BBQ сос и Pulled pork и Chicken сендвич со потпечено лепче, крем салата, кисели краставички, BBQ и чили сос. Додаток на сендвичите се дополнителни сосови и домашен помфрит. Биџо е најпознат по својот Кумановски мезел’к специјалитет кој прв во Куманово го направил неговиот прадедо а наредните генерации само го усовршиле рецептот. Тава полна со месо од телешко шкембе, телешки џигер, зачини и сос е една голема традиција во @ucilnica и треба да ја пробате па дури Кумановци ја јадат и за појадок. Ова е порција на десетка со Ајдучки ќебап, еден ќебап е 60 грама бидејќи е со топен кашкавал, мелено месо и обвивка на сланина. И еве малку по light варијанта да замезите со крилцата во сос или пак крцкави пилешки прсти со тартар сос.
View this post on Instagram