Предлог законот за потекло на имот на функционери иако беше неколку години во подготовка исчезна од Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР). Политичките елити постојано ветуваат негово донесување, но најчесто кога се во опозиција. Изработката на законското решение беше поддржано и од Советот на Европа, а во работните групи активно беше вклучен и граѓанскиот сектор, меѓу кои и Платформата за борба против корупцијата.
Но, на почетокот на 2024 година предлог законот беше драстично променет и поради отстранување на клучните алатки за борба против корупцијата, од процесот се повлече Платформата. Критиките за новото законско решение „Конфискација на имот во граѓанска постапка“ се бројни, односно дека постојат ризици од корупција и судир на интереси поради преклопувањето на законските одредби, непрегледноста на постапката, како и несоодветно дефинирани улоги и надлежности, е ставот на дел од граѓанските антикорупциски организации.
View this post on Instagram