Царинската управа соопшти дека заплениле автобус со косовски регистарски таблички, кој извршувал редовен превоз на патници на релација Истанбул Приштина.
Автобусот, како што соопштија бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока.
Во друг случај, цариниците заплениле над 500 парчиња облека со потпис на познатите трговски марки Ралф Лаурен и Лакоста поради сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. Запленети се и 75 комплети тренерки со ознаки на заштитена трговска марка кои се пронајдени во камион со турски регистарски таблички, натоварено со стока со потекло од Турција наменета за увозник од Косово. – Фотоапарат SONY A7III со објектив SONY FE24 MM F1.8GM и компјутер за видео-игри AORUS, со вкупна вредност од 345 илјади денари, се пронајдени на задното седиште на автомобил на влез во државата на граничниот премин Табановце. Македонски државјанин во товарно возило со норвешки регистарски таблички сакал да криумчари четири алуминиумски бандажи и пар фарови за товарно возило, преку граничниот премин Ново Село – соопштија од Царина.