Фудбалерите на Челси запишаа историски триумф на европската сцена, откако вечерва во Вроцлав, Полска, го совладаа Реал Бетис со убедливи 1-4 и триумфираа во финалето на Конференциската лига. Шпанскиот тим поведе рано, веќе во 9. минута, кога Езалзули погоди по одлична асистенција од искусниот Иско. И покрај тоа што Челси имаше повеќе од играта во првото полувреме, не успеа да го материјализира поседот во конкретни шанси.
Но сликата на теренот се смени драстично во вториот дел. Англискиот тим ја презеде контролата и го притисна Бетис длабоко на сопствената половина. Израмнувањето стигна во 65. минута, Кол Палмер асистираше за Енцо Фернандез кој го матираше голманот на Бетис. Само пет минути подоцна, Палмер повторно се најде во улога на асистент, овојпат за Николас Џексон, кој го донесе пресвртот. Во финишот, Челси ја потврди доминацијата и во 83. минута Џејдон Санчо постигна прекрасен гол за 1-3, а конечните 1-4 ги постави Моисес Каиседо во самиот финиш од натпреварот.
Со овој трофеј, Челси стана првиот клуб кој успеал да ги освои сите три европски клупски натпреварувања, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, запишувајќи се во историјата како единствен европски колекционер на трофеи.