Четири лица загинаа, а едно е тешко повредено откако вчера жичарница се урна на земја во близина на Неапол во јужна Италија. Кабелот пукна на жичарницата што ги носи туристите од градот Калтелмар ди Стаби, на Неаполскиот залив, до Монте Фаито, на околу три километри. Во тој момент се претпоставува дека во воздухот имало две кабини. Едната кабина, во која имало 16 патници, била лоцирана во близина на Калтелмара и тие брзо биле спуштени на земја на начин што сите биле безбедни. Меѓутоа, втората кабина се наоѓала над пропаст на планината Фаито во моментот на пукањето.
Во спасувачките операции учествувале повеќе од 50 пожарникари, а спасувачите пронашле четири безживотни тела, додека петтото лице е повредено, но спасено и префрлено во болница. Винченцо Де Лука, шеф на регионот Кампанија околу Неапол, изјави за Раи дека спасувачките операции биле отежнати од магла и силни ветрови. И покрај несреќата, жичарницата е повторно отворена за летната сезона, а обвинителството соопшти дека покренало истрага за несреќата.
GRAVE TRAGEDIA SULLA FUNIVIA DEL MONTE FAITO A CASTELLAMARE DI STABIA, NAPOLI. LA ROTTURA DI UN CAVO AVREBBE FATTO CADERE IN UN DIRUPO LA CABINA A MONTE. CI SAREBBERO 4 VITTIME E UN FERITO GRAVE I SOCCORSI SONO STATI EFFETTUATI NONOSTANTE LE PESSIME CONDIZIONI METEO pic.twitter.com/7DgDxCQ14T
— Tg3 (@Tg3web) April 17, 2025