Заменик – генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, учествуваше во епизода од интернет шоуто „Скала на кариерата“, каде водителот преку интеракција со минувачи се обидува да ја открие нивната професија за помалку од две минути. Дел од прашањата на кои Шекеринска одговараше беа дали нејзината работа е со висок статус, дали им помага на луѓето, дали е креативна. На сите овие прашања Шекеринска одговори позитивно. На следното прашање: Ако вашата работа беше јадење, што ќе беше?, Шекеринска на смеа одговара мусака, прашувајќи го водителот дали знае што е тоа за што доби позитивен одговор.
-Значи се се става во истото тавче- рече Шекеринска.
Останатите прашањата на кои Шекеринска одговораше беа понасочени кон НАТО.