Новак Ѓоковиќ пристигна во Белградската арена неколку минути пред почетокот на кошаркарскиот натпревар помеѓу Партизан и Црвена звезда Белград во 24. коло од Евролигата. А на дуксерот кој го носеше српскиот тенисер имаше натпис кој привлече големо внимание.
„Студентите се шампиони“ пишува на градите на Ѓоковиќ, кој очигледно специјално се подготвувал за своето прво појавување во јавноста по враќањето од Австралија. Ѓоковиќ во неколку наврати ги поддржа и студентските протести за време на неговиот престој во Мелбурн на Австралија Опен.