Студенти и граѓани денеска пред македонската амбасада во Белград, оддадоа почит на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани и загинатите на железничката станица во Нови Сад, со 75 минутен молк.
Граѓаните положија цвеќе и запалија свеќи, а им се приклучи и македонскиот амбасадор во Србија. Улицата пред амбасадата, како што пишуваат српските медиуми, беше блокирана. Студентите на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград синоќа преку својот Инстаграм профил ги повикаа граѓаните да им се придружат во 15-минутно молчење, при што ќе додадат минута за секоја жртва од Кочани.