Екипата на Евертон со триумф од 2-0 над Саутемптон во рамки на 37. коло од Премиер лигата го одигра својот последен натпревар на легендарниот „Гудисон парк“, стадионот кој им беше дом цели 133 години. Во емотивна атмосфера пред своите навивачи, „Карамелите“ стигнаа до победа благодарение на двата гола на Илијан Ндиаје, кој погоди во шестата и во 47. минута. Со тоа, фудбалерите на Евертон им подарија достојно збогување на фановите со стадионот што беше сведок на генерации фудбалски приказни.
Во својата долга историја на „Гудисон парк“, клубот одигра вкупно 2.789 натпревари, од кои победи на 1.538, ремизираше 660 пати, а беше поразен на 591 средба.= Со оваа победа завршува едно значајно поглавје во историјата на Евертон. Од следната сезона, нивниот нов дом ќе биде модерниот „Хил Диксон“ стадион, кој треба да донесе нова енергија и успеси за клубот од Ливерпул.