На местото каде до неодамна имаше дива депонија и каллив паркинг, сега ве пречекува уредена пешачка зона, зелен парк и простори за одмор и рекреација за сите генерации.
Grizzly центарот планинскиот ценар нуди:
– Отворена сцена за културни и музички настани
– Детско игралиште и мини зоолошка градина
– Арена за јавање коњи
– Спортско игралиште
– Ресторан и бар со планински амбиент
– Партнерно уредување со клупи и пешачки патеки
Со пренамена на затворен луксузен ресторан во достапен, отворен еко центар, Grizzly ја редефинира планинската понуда – со гарантирано ниски цени, понуда за сите, услуги и производи достапни за секој посетител. Овој викенд на 24 и 25 мај Ве покануваме заедно да го прославиме првиот роденден на Grizzly Igloos и официјалното отворање на Grizzly планинскиот еко центар со голем дводневен настан! Очекувајте: – Детска програма со Војо и аниматорот Ѓурчиновски – Настапи на дџ Чваре и дџ ГоцеН- Концерти на Next Time и Тамара Тодевска на најубавата сцена во Македонија
📍 Локација: Видиковец Козјак
📅 Датум: 24 и 25 мај, со почеток од 12 часот
🎟️ Влез: Слободен
Grizzly еко центарот е повеќе од дестинација — тоа е заедничка визија за чиста, достапна и жива планина. Ве очекуваме со отворени срца и големи насмевки!
View this post on Instagram