На денешното судско рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски обвинителката Жаклина Јосифовска го читаше исказот што каратистот Боре Видески го дал во Обвинителството на 04-12-2023 година, во кое тој детално објасни како го грабнале Жежовски и како Палчо го убил, а се осврна и на убиството на Вања, за кое тврди дека го извршил Палевски.
Во признанието Видески рекол дека се приклучил во планот заради финасиска криза. Љупчо Палевски им споделил дека таткото на девојчето му кажал дека утрината на 27-11 таа ќе излезе сама. „Велибор ја качи на рамо и ја стави во гепекот” кажал во истрагата Боре кој сега негира се што е поврзано со убиствата. „Палчо ги уби со истиот пиштол, откако ја праша што и работат родителите, а таа кажа дека мајката ќе даде се што ќе побараат и оти има станови. Палчо слушнав како и пука во главата, а кога го прашав зошто ја уби, тој само ги крена рамениците”, кажал обвинетиот.