20.8 C
Скопје
09/05/2025 12:22
МАКТЕЛ

     

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

      

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“, „Правда, а не пазарења“, „Вие сте убијци, а не лидери“, „Отиде Спасовски, дојде Тошковски“, „Отиде Бектеши, дојде Дурмиши“… Ова се само некои од транспарентите со кои граѓаните во Тетово денеска протестираа против корупцијата, која доведе до последните четири трагедии во земјава: Кочани, модуларната болница, Беса Транс и Дурмо Турс, пишува Порталб.мк. Граѓаните маршираа за неселективна правда од плоштадот „Илирија“ до Обвинителството и Судот во Тетово. Тие побараа расветлување и казна за вистинските виновници за последните четири трагедии.

Фото: Порталб.мк

Ибин Емшиу, кој ги загуби таткото и братот во пожарот кој избувна во модуларната болница, рече дека се дојдени на истото место да бараат правда, која никако да се спроведе. Тој рече дека поминале неколку години, но никој не е осуден. „Дали требаше да се случи трагедијата во Кочани, за да ве убеди дека овој систем е пропаднат?“, праша Емшиу. Тој нагласи дека истиот систем уби 14 членови на нивните семејства во модуларната болница.

   

„Сите овие трагедии не се случајност, тие имаат нешто заедничко: тоа е корупцијата која ги уби сите. Јавно го прашувам Венко Филипче: Колку чинеше животот на татко ми и брат ми, јавно го прашувам Кочо Анѓушев: Колку милиони профит чинат 14 члена на нашите семејства кои изгореа живи? Господине Мицкоски, вие излеговте и ветивте дека случајот ќе го започнете од почеток, за сите овие луѓе кои изгореа. Жртвите во Кочани ги изгоре неказнувањето на претходните случаи“, рече Емшиу. Мумин Исмаили, кој во модуларниот пожар ја загуби својата мајка, рече дека бараат неселективна правда.

„Премиере Мицкоски, вие ме посетивте дома за да ме утешите и ми ветивте дека ќе се реши случајот со модуларната болница. Требаше ли да изгорат уште 59 граѓани за да преземете нешто? Жртвите во Кочани ги изгоре неказнувањето на претходните случаи. Жртвите во Кочани и во модуларната болница ги уби корупција, во нашиот случај никој не е осуден. Нема ни притворени, ни осудени“, рече Исмаили. Бурим Ислами пак, кој ја загуби својата мајка во автобуската несреќа на Беса транс во Бугарија, рече дека никаде во светот убијците не се движат слободно како тука кај нас.

„Апсурдно е кој не води, луѓе кои се ангели пред да ја преземат власта, а по преземањето на власта се ѓаволи кои го оркестрираат пеколот. Нивната вера е корупцијата со која им ги изгорија душите на стотици членови на семејствата“, рече Ислами. Тој додаде дека за жал од една трагедија во друга единственото нешто што бележи раст е бројот на жртвите, кој се зголемува, а се друго оди наназад.

„Вие, непочитуван премиере, и од месечината јасно се гледа дека гневот и политичкото его сте го насочиле кон вашите противници и тоа од две причини, за да ги обвините нив и за да се спасите себеси. Вам на сон ви се појавуваат жртвите и семејствата на жртвите, но вие никако да се разбудите од сон и да поднесете оставка заедно со другите оркестратори на оваа трагедија“, рече Ислами. Бленди Ходаи од Иницијативата Нула ги истакна нивните барања во овој протест, а тоа се:

• Модуларната болница: Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да ја извади од фиока истрагата за причината за пожарот во Модуларната болница и да поднесе обвиненија против главните виновници во овој случај. Истовремено бараме да се формира независен тим кој ќе ги истражи сите кои намерно го одолговлекуваа овој случај, вклучително и јавните обвинители. Сегашното судење за овој случај треба да се води без влијание на политиката и бизнисите.

• Кочани: Бараме независна истрага и вклучување на надворешни експерти за да се гарантира непристрасност на истрагата за овој случај. Сите оние кои со нивните постапки или пак со непостапување дозволиле незаконското работење на дискотеката „Пулс“ од 2013 година да бидат изведени пред лицето на правдата.

• Ласкарци: Апелациониот суд да го врати предметот на повторно судење и да ги земе предвид жалбите на Јавното обвинителство за повисоки казни за обвинетите, а на сопствениците на „Дурмо-турс“ да им се забрани вршење на оваа дејност. Покрај сегашните обвинети, пред лицето на правдата треба да се изведат и сите функционери кои во тоа време дозволувале движење на овие автобуси без да им се изврши соодветен технички преглед.

• Беса Транс: Кривичниот суд да изрече повисоки казни за сегашните обвинети во овој случај откако предметот ќе биде вратен на повторно судење. Дополнително бараме да се изведат пред лицето на правдата сите функционери кои во тој момент дозволиле автобусот да ја премине границата на Република Северна Македонија над 20 пати со лажна потврда за меѓународен превоз, а на сопственикот да му се забрани вршење на дејноста превоз на патници.

Како заклучок, Ходаи нагласи дека граѓаните ќе бидат известени за чекорите кои ќе се преземат и за следниот протест. Во меѓувреме, денеска во Скопје ќе се одржат уште два митинга, едниот на Самостојното студентско собрание на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, а другиот на Иницијативата „Кој е следен? Досега се одржани повеќе мирни протести за трагедијата во Кочани, како во Скопје, Kуманово, Гостивар, Струга и  Koчани. Во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ на 16.03.2025 година, животот го загубија 59 лица, меѓу кои и 6 малолетници, повредени се 196 лица кои се лекуваат во земјава и надвор.

Според досегашната истрага на институциите, дискотеката немала хидрантска мрежа и доволно противпожарни апарати, незаконски се користеле пиротехнички материјали, немало законска лиценца за работа, а не бил склучен писмен договор меѓу организаторот и изведувачката група. Обвинителството во Кочани и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција идентификуваа вкупно 34 лица и три фирми како осомничени за тешки кривични дела против општата безбедност. Во меѓувреме, МВР поднесе кривични пријави против нив, меѓу кои има и поранешни државни функционери. Во притвор се  24 лица.

 

Пишува: Фисник Џелили

    

Најново

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski
Вчитувам....