35.8 C
Скопје
07/06/2025 14:49
МАКТЕЛ

   

Висар Ганиу може да стане „Артан Груби момент“ за Мицкоски – Неуспехот на „Вреди“ на локалните избори ќе го стави премиерот Мицкоски во деликатна ситуација и ќе слуша како легионите на ДУИ веќе тропаат на вратата на Владата

      

Влогот за премиерот Мицкоски е голем. Тој се соочува со својот „Артан Груби момент“. Ловот по дивоградби на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дојде толку неочекувано за македонската јавност што ги најде неподготвени владините партнери – ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“. Данела како некаква македонска варијанта на Јованка Орлеанка, или како осовременување на митот за Сирма војвода, оди од градилиште до градилиште, од зграда до зграда и со нејзиното „убиствено“ оружје – телефонот, и снима објекти во скопската општина Чаир за кои тврди дека се дивоградби. И дека за последните три години градоначалникот Висар Ганиу (прво дел на „Огнената група“ во ДУИ, а потоа член на Демократското движење) наводно успеал да „прокриумчари“ околу 150 дивоградби и да ги легализира преку антидатирање.

Има тука повеќе прашања што се поставуваат и на кои сега нема доволно валидни одговори, но некои камчиња можат да се стават во мозаикот. Премиерот Христијан Мицкоски прво лефтерно се обиде да ги отфрли наводите на Арсовска, велејќи дека конечно требало да се фати за работа и да трага по дивоградбите (што не е работа на Градот Скопје, туку на општините). Но кога тој, врвот на ВМРО-ДПМНЕ, и особено неговите партнери од „Вреди“, сфатија дека работата не може да се запре (т.е. Данела не може да се запре), дека скопската градоначалничка неуморно оди од локација до локација, од институција до институција и бара да се преземат мерки за криминалот со незаконската легализација на дивоградбите, почнаа нападите против неа.

   

Циркускиот” и политичкиот дел од приказната

Во тие напади имаше и гротескни моменти. Како оној на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кога тој овој лов по дивоградби на Арсовска го нарече „циркус и парада“. Да било во рамките на првата година „ќе беше за поздрав, и ќе беше навистина искрено, го препознава народот тоа, овој народ препознава кога нешто е искрено и препознава кога нешто е заради циркус“. Гротескно е што Тошковски не зборува за тоа дали коалицискиот партнер Висар Ганиу правел навистина голем криминал со легализација на дивоградби и дали МВР тоа ќе го истражува, туку ја осудува Арсовска што го прави тоа во последните месеци од мандатот. Подобро да си останело сѐ да биде тивко до локалните избори. И не го ни споменува ноќното истурање ѓубре пред седиштето на Град Скопје, промовирајќи го начелото дека оној што е обвинуван со документи дека правел криминал има право на некаков вид одмазда. И тоа истурање ѓубре да се прави под контрола на Ганиу и цела плејада функционери од различни нивоа на „Вреди“.Ловот по дивоградби на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ги затече владините партнери, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

Тоа е „циркускиот“ дел од приказната, што би рекол Тошковски. Другиот, политичкиот, е многу покомплициран. Особено за премиерот Мицкоски. Можеби навистина Данела Арсовска спроведува некаква агенда на ДУИ, како што ја обвинуваат властите. Но таа во исто време тврди дека во ниту една друга скопска општина, според документите што стигнувале во Градот, не се правеле вакви криминали. А најмногу градоначалници во скопските општини има ВМРО-ДПМНЕ. Што значи дека тие работеле според закон и ќе можат слободно како „чисти“ да побараат уште еден мандат од граѓаните. И сега ВМРО-ДПМНЕ треба да ги впрегне сите сили не да ги штити своите градоначалници од обвинувања, туку да го брани Висар Ганиу. Го брани Ганиу за да ја одбрани Владата, или сегашниот распоред во неа.

Влогот за премиерот Мицкоски е голем. Тој се соочува со својот „Артан Груби момент“. Од играњето фудбал на многу мало голче и баскет на прикачен кош во канцеларијата на поранешниот вицепремиер тогашната опозиција направи толку голема оправдана политичка приказна што премиерот Димитар Ковачевски ниту имаше сила со бројот на пратениците, ниту во конфигурацијата на владата, да се спротивстави. Од ДУИ зависеше мнозинството во парламентот поради малиот број пратеници од коалицијата околу СДСМ. Ковачевски само беспомошно гледаше како неговиот владин партнер му ги урива сите мостови кон можен добар резултат на изборите.

Мицкоски ги нема тие инсуфициентни маки како Ковачевски. Неговата партиска бројка во Собранието е многу голема – 58 пратеници. Па, сепак, може да се испостави дека и таа голема моќ може да биде ранлива по изборите наесен. Во владиниот труст на мозоци не можат да се надеваат дека оваа битка на Данела против Ганиу ќе издиши до почетокот на кампањата. Па, дотогаш има само уште три месеци.

Не може да се очекува и дека жителите на Чаир така лесно ќе ги проголтаат приказните на владините партнери дека Данела тргнала во оваа битка само поради тоа да биде дел од агендата на ДУИ. И да е така, дали оние што не се дел од партиските структури од оваа или онаа страна, само немо и незаинтересирано ќе гледаат на обвинувањата за криминал со дивоградбите. И ќе ги гледаат оние згради кои како чиреви изникнале онаму каде што не е можно. И во исто време ќе ги следат јаловите обиди на партнерите од „Вреди“ дека „коалицијата ‘Вреди’ ниту е ‘ранета’, ниту претрпе ‘земјотрес’. Напротив, последните политички движења ја докажаа силата и кохезијата на ‘Вреди’“ (Африм Гаши).

Точно, последните политички движења ја докажаа кохезијата на „Вреди“. Ако „Вреди“ не настапи кохезивно и не го одбрани Чаир, тогаш бродоломот може да биде на повидок. А за Мицкоски тоа ќе биде моментот на големо искушение. Две години пред ланските избори тој водеше секојдневна кампања дека ДУИ мора да оди во опозиција, дека нивните криминали треба да бидат разоткриени и казнети (засега, речиси нема ништо од тоа, освен еден-два случаи), и друга албанска политичка структура треба да биде дел од идната влада.

Оваа кампања имаше успех. Иако „Вреди“ освои 14, а „Европскиот фронт“ на ДУИ 18 пратеници, тоа беше доволно голем политички базен Арбен Таравари, Изет Меџити, Африм Гаши и Билал Касами да влезат во владата. Тоа навистина беше своевидна револуција во албанскиот блок. И сега со целосната одбрана на Висар Ганиу (отако Таравари претходно слезе од владиниот брод) Мицкоски ризикува овој „Артан Груби момент“ да му го поткопа целиот политички проект.

Битката за Чаир и стабилноста на Владата

На последните парламентарни избори во Чаир „Вреди“ освои 8.563 гласови, а коалицијата околу ДУИ 6.160. Не е тоа мала разлика – 2.400 гласа. Но сега треба да се извадат гласовите што ги донесе Таравари на ова конто. Колку се тие на број, тешко може да се претпостави. Дел од нив може да надокнади ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг, кога на изборното ливче ќе се најдат кандидатите на „Вреди“ и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ лани во мај освои 1.176 гласови. Прашање е дали партијата може да испорача толку гласови за кандидатот на „Вреди“ (веројатно Висар Ганиу) во вториот круг и дали владината албанска коалиција уште вреди толку многу меѓу жителите на Чаир.

Секако, битката за Скопје е најважна на секои локални избори, но битката за Чаир може да биде клучна за опстанокот на владината коалиција во сегашниот состав. Немаше ништо политички пологично во четвртокот ДУИ да ја одржи својата прослава за годишнината од основањето на партијата во срцето на Чаир, а осоколениот Али Ахмети да држи политички проповеди за да ги врати во домот заблудените синови. Тоа можеби немаше да го направи ако Чаир и натаму е цврст бастион на „Вреди“. А по лошата и речиси невидливата работа на албанските министри во владата и „револуцијата“ на Данела Арсовска, ДУИ ќе става нов и нов товар да го измести тасот на вагата.Ако „Вреди“ не настапи кохезивно и не го одбрани Чаир, тогаш бродоломот може да биде на повидоk.

Доколку „Вреди“ загуби повеќе отколку што е политички подносливо на локалните избори Христијан Мицкоски речиси и да не ќе има избор. Две работи би му стоеле на располагање, а во двете речиси неизбежно ќе биде поврзан со ДУИ: правата е да ги повика да бидат дел од владата (што би можело политички да изгледа самоубиствено за него, но ќе може да се стокми некоја приказна за да се прикаже дека тоа навистина е неизбежна солуција); или да се оди на предвремени избори следната пролет или есен, кога ДУИ можеби би била уште посилна. И целиот вмровски политички проект – ДУИ во опозиција – всушност да биде трансформиран во најтајниот проект – ДУИ повторно во власта. А потоа ќе се бараат начини како да се живее со тоа. Па дури и со Бујар Османи во тој нов кабинет.

Ова се можните варијанти на расплетот во октомври од драмата што ја почна Данела Арсовска на фонот на напуштањето на Арбен Таравари од владата за да не биде изглодан и фрлен настрана од вмровскиот змеј. Таравари мисли дека ако политички гине, барем да гине со одредено достоинство. Во овој момент никој не може со сигурност да каже дали ќе му биде исплатлив неговиот политички гамбит. Но од неволјите на Висар Ганиу и остатокот на „Вреди“ и тој може да ќари нешто, велејќи дека било добро што навреме се дистанцирал од оние за кои секој ден се зборува во медиумите и се коментира меѓу граѓаните за наводен голем криминал со дивоградбите. Едноставно, ќе биде весело наесен.

* * * * *Во Аргентина имаше и сѐ има едно движење во светот познато како „Мајките во бело“ или според оригиналниот назив „Мајките од Плаца де Мајо“. Тоа беа храбрите мајки кои уште за време на диктатурата на генералот Хорхе Видела во 1977 година излегоа на еден од плоштадите во Буенос Аирес. Тие поднесоа петиција нивните исчезнати деца грабнати од хунтата, претежно млади, да бидат вратени живи. Жените постојано демонстрираа на плоштадот и држеа транспаренти со нивните молби, проследени со носење фотографии од нивните исчезнати деца и носење бели шамии на кои беа извезени нивните нивните имиња. Со прогласување вонредна состојба, полицијата ги избрка од плоштадот наслоне.

Но тие не се откажаа, со години протестираа и откако диктатурата беше соборена во 1983. Нивниот последен марш на отпорот на Плаца де Мајо беше во 2006 со пораката „непријателот повеќе не е во Владата“.Во Македонија, поточно во Кочани, веќе е формирано движење кое би можело да се нарече „Мајки во црно“. Тие не ги носат испишани на бели шамии имињата на нивните загинати чеда, туку облечени во црни руби одат со сликите на нивните најмили наслонети на нивните гради, кои се задушија или изгореа во дикотеката „Пулс“. Тоа го прават веќе два ипол месеци секоја сабота. Така ќе биде и оваа сабота.

„Не можам да отворам шише, ниту да држам лажица“

Тоа власта одбива да го забележи, таа би посакала нив на некаков чуден начин да ги снема. Функционерите избегнуваат да одат во Кочани, единствениот пратеник од градот (Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ) гласаше против законот за помош на семејствата на загинатите и поврдените. И во четвртокот, на една бизарна трибина во владата, директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, објаснуваше дека владата обезбедила 30 милиони денари за пациентите и нивните семејства кои се лекуваа во странство.

А директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, тврдејќи дека тие правеле максимум, рече дека изработката на многу важните ракавици го финансирала орагнизацијата за помош која се формира веднаш по трагедијата – „Сапорт Кочани“. Да, изгледа дека власта, од која Клековски е дел, прави максимум, па ракавиците за заштита на изгорениците на повредените ги прават во „Сапорт Кочани“.

Што да се каже? Со два збора – без зборови. Владата организира трибина во нејзиното седиште и за Кочани ги испраќа да зборуваат луѓе од вториот и третиот ешалон. Најприфатливо и најбезбедно е да организираат трибина на владин терен, колку и тоа да изгледа бесмислено и дволично. А „Мајките во црно“ повторно ќе маршираат во молк и оваа сабота. Овие од владата не го разбираат нивниот свет, нивната болка, нивниот гнев. А изгледа дека ниту пак сакаат да го разберат. (Dw)

Љупчо Поповски

   

Најново

Мајли Сајрус со шокантна исповед: Потрошив огромни пари на дрога, го лажев мојот сметководител

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БАЛКАНСКИ КАВГИ ЗА ЕВРОПСКО СКОПЈЕ – Данела Арсовска,Стефан Кирков-Стадион на Канал 77

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинците соборија руски Су-35 над Курск

Sase Ivanovski

Костадинов: Нема да дозволам Муртино да биде заборавено – граѓаните да пријават штети!

Sase Ivanovski

5.500 евра казна за продажба на енергетски пијалоци на деца, Путин го потпиша законот

Sase Ivanovski

Силен земјотрес во Грција, туристи во паника бегаат од таверните

Sase Ivanovski

Во Тексас стравуваат од сериски убиец

Sase Ivanovski

Албанците се недоволно застапени во клучни институции, реагира ДУИ

Sase Ivanovski

Загина девојка од Сарај во тешка сообраќајна несреќа

Sase Ivanovski

Возачите кои транзитираат да не возат со голема брзина, немаме патишта за брзи возила

Sase Ivanovski

Утре изгор жешко со температура до 38 степени

Sase Ivanovski

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Sase Ivanovski

Уапсен криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 12 години

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце-Гевгелија

Sase Ivanovski

Шест месеци по бегството, на Фејсбук се огласи Артан Груби

Sase Ivanovski

Блумберг: Трамп ќе се обиде да депортира мигранти од Хаити, Куба и Никарагва на Балканот

Sase Ivanovski

Трамп против Маск: Кој може повеќе да загуби?

Sase Ivanovski

Возите кон Грција? Внимавајте на големи дупки меѓу граничните премини!

Sase Ivanovski

Утре уште потопло – со температура до 38 степени

Sase Ivanovski

КАПРИ, ИТАЛИЈА

Sase Ivanovski

И ГРЦИТЕ ИМААТ ВЕНЕЦИЈА, СЕ ВИКА АИТОЛИКО

Sase Ivanovski

На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија

Sase Ivanovski

Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Sase Ivanovski

Грета Тунберг со едрилица се приближува кон Газа, сака да ја пробие израелската блокада

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце-Гевгелија

Sase Ivanovski

Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле за тоа

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНАТА БАРСЕЛОНА

Sase Ivanovski

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ АМСТЕРДАМ

Sase Ivanovski

Брутално убиено момче во Белград, убиецот има 16 години

Sase Ivanovski

Апелациски суд во САД му дозволи на Трамп да го ограничи пристапот на новинарите на АП во Белата куќа

Sase Ivanovski

(Видео) Трилинг: Архитектот Мишко Ралев можен кандидат за градоначалник на Скопје

Sase Ivanovski

Ќе нема струја на неколку улици во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Норвешки лекар осуден за силување на десетици пациентки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најбрутален руски напад врз Харков од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Маск повикува да се основа нова партија во САД

Sase Ivanovski

Сончево и многу топло со температура до 37 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Леле мори мајко, секој ден е бетер и бетер

Sase Ivanovski

Едно лице е ликвидирано вечерва во центарот на Белград

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ИСТОРИСКИ ДЕН

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Муцунски: Сè уште нема позитивен одговор од Бугарија за средба меѓу Сиљановска-Давкова и Радев на самитот на НАТО во Хаг

Sase Ivanovski

(Видео) Неофицијално учествувал градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу: Сообраќајка кај Битпазар

Sase Ivanovski

Македонски тенисер од Универзитетот во Јута обвинет за силување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Македонија и Белгија ремизираа во Скопје

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Растoт на БДП е најрелевантен показател за политиките што ги спроведуваме и смерница за креирање на идните политики

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ ЕДИНБУРГ

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ МОНМАРТР, ФРАНЦИЈА

Sase Ivanovski

Балканец смисли бизнис идеја, носи 300 евра дневно: Не купувајте стан, ова е попрофитабилно!

Sase Ivanovski

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од Битола и против И.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“

Sase Ivanovski

Спасовски: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност за актуелни функционери

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонија започнува подготовка за пруга, интензивна изградба на автопатот Кичево-Охрид

Sase Ivanovski

Откако ѝ ја даде, Владата сега ќе ѝ ја одзема салата „Партизан“ на Општина Карпош

Sase Ivanovski

Пратеникот Миле Талевски избран за член на Меѓународниот секретаријат на Интерпарламентарното Собрание на Православието

Sase Ivanovski

Бугарскиот министер Георгиев: Инсистираме на спроведување на францускиот предлог

Sase Ivanovski

ФОТО | Невремето во Скопје предизвика поплава на стадионот „Тодор Проески“

Sase Ivanovski

Муцунски во Париз: Искрена благодарност за поддршката од Франција по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Гаши пресече: Собранието ќе расправа за интерпелацијата на Костадиновски

Sase Ivanovski

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Sase Ivanovski

ПОБЕДАТА НА НАВРОЦКИ ЗНАЧИ ОТФРЛАЊЕ НА БРИСЕЛ Марин Ле Пен го пофали новиот претседател на Полска

Sase Ivanovski

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Sase Ivanovski

Годинава ќе можеме да вадиме електронски лични карти и возачки дозволи, најавува Андоновски

Sase Ivanovski

Мајка на жртва од Кочани: „Кој има душа и разум, нека застане со нас родителите да се бори за правда на убиените ангели

Sase Ivanovski

Во Истанбул трошоците за живот се зголемиле за речиси 50 отсто за една година

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ТРАМП: Можеби е подобро да се остават Украина и Русија „да се борат уште некое време“

Sase Ivanovski

Зеленски: Путин чувствува неказнивост

Sase Ivanovski

Кремљ му одговори на Трамп: Војната во Украина е егзистенцијално прашање за Русија

Sase Ivanovski

Расчистено вчерашното „убиство во обид“ во скопско, одредена мерка притвор

Sase Ivanovski

Барди: Во Скопје сме освојувале бодови против Италија и Англија, можеме и против Белгија!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ му одговори на СДСМ со навреда за пиротехниката во Кочани – „Искажувате некрофилска тенденција“

Sase Ivanovski

Ахмети: Не се плашете, не сакаме да ја поделиме Македонија

Sase Ivanovski

Вајц: Бев мета затоа што одбив да потклекнам на притисокот од Бугарија

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Охрид СОС: Нов огромен објект никнува во старата чаршија

Sase Ivanovski

ВИДЕО | СДСМ обвини дека фирма „од периметарот“ на премиерот ја шверцувала пиротехниката во „Пулс“ – Кочани

Sase Ivanovski

Африм Гаши во интервју за порталот Нова тв: Воопшто не сме се откажале од ЕУ интеграциите

Sase Ivanovski

Русија го бомбардираше Киев како одмазда за „Пајажина“, Зеленски бара меѓународен притисок за крај на војната

Sase Ivanovski
Вчитувам....