Според податоците од албанската полиција, српскиот тим ќе има специјална придружба од специјалните сили, центарот на градот околу стадионот ќе биде блокиран од 15.00 часот и никој без билет или акредитација нема да може да влезе на стадионот.
Стадионот е опремен со најсовремени уреди за препознавање лица, а трибините се покриени и со специјални камери.Исто така, беше објавено дека нема да бидат дозволени дронови во близина на стадионот и дека сите дронови што ќе се појават ќе бидат соборени, со цел да се избегне ситуацијата во Белград во 2014 година.Во исто време, граничната полиција нема да дозволи влез во земјата на никого со „хулиганско досие“.