9.4 C
Скопје
16/05/2025 15:40
МАКТЕЛ

     

Вистиномер: ЕУ не е фашистичка ако му го одзела имунитет на крајнодесничарскиот европарламентарец Браун

      

Тоа што крајнодесничарски европарламентарец кој се соочува со повеќе обвиненија за напад врз малцински групи и луѓе од други етнички заедници, а на кој му бил одземен имунитетот во ЕП, го пали знамето на ЕУ, не значи дека ЕУ и НАТО се фашистички организавции и некаков фашистички режим. Уште помалку тоа значи дека никој повеќе не сака да членува во овие организации. Токму постапките на европратеникот Браун и обвиненијата со кои се соочува поради нив, наликуваат на фашизам. Анализираме објава на Фејсбук која вели:
НАТО и ЕУ се фашистички организација и никој не сака повеќе да членува во новиот фашистички режим .

Објавата споделува фотографија на која се гледа како двајца мажи стојат покрај запалено знаме на Европската Унија.

   

Фотографијата ја пребаравме на Гугл со цел да видиме за што станува збор. Мажот прикажан на неа облечен во црно одело е полскиот крајнодесничарски европратеник Гжегож Браун. Европскиот парламент на 6 мај гласаше да му се одземе имунитетот Браун, за да може да се соочи со обвиненија во својата татковина за разни наводни кривични дела, вклучително и инцидент во кој тој нападнал еврејска верска прослава во полскиот парламент со противпожарен апарат. На Браун, кој е кандидат на претседателските избори во Полска следниот месец, минатата година му беше одземен имунитетот од страна на полскиот парламент и се соочи со обвиненија. Но, подоцна беше избран во Европскиот парламент, со што повторно доби пратенички имунитет.

Генералниот обвинител на Полска, Адам Боднар, кој е и министер за правда, побара Европскиот парламент да му го одземе имунитетот на Браун во врска со седум одделни инциденти што се случиле во 2022 и 2023 година. Браун е обвинет и за оштетување на имот кога прекинал предавање на полски еврејски научник за холокаустот во Германскиот историски институт во Варшава. Тој е обвинет и за навреда и кршење на телесниот интегритет на директорот на Националниот институт за кардиологија и за оштетување на елка што ја отстранил од судницата бидејќи била украсена со знамиња на ЕУ и ЛГБТ+. По гласањето за одземање на имунитетот, Браун објави видео од себе како го пали знамето на ЕУ и напиша:

Долу еврокомунизмот! Ова е Полска.

Тоа што крајнодесничарски европарламентарец кој се соочува со повеќе обвиненија за напад врз малцински групи и луѓе од други етнички заедници, а на кој му бил одземен имунитетот во ЕП, го пали знамето на ЕУ, не значи дека ЕУ и НАТО се фашистички организации и некаков фашистички режим. Уште помалку тоа значи дека никој повеќе не сака да членува во овие организации. Фашизмот е екстремно десничарска, авторитарна, ултранационалистичка политичка идеологија и движење, што се карактеризира со диктаторски лидер, централизирана автократија, милитаризам, насилно потиснување на опозицијата, верување во цврста општествена хиерархија, подреденост на индивидуалните интереси за доброто на нацијата или расата и силен режим на општеството и економијата. Фашизмот ги отфрла тврдењата дека насилството е негативно или бесмислено, наместо тоа ги гледа империјализмот, политичкото насилство и војната како средства за национално освежување. Фашизмот се залага за воспоставување на тоталитарна еднопартиска држава, при што авторитаризамот и национализмот често се манифестираат како верување во расна чистота или господарска раса, обично помешани со некоја варијанта на расизам или дискриминација на демонизираниот „Друг“, како што се Евреите, хомосексуалците, етничките малцинства или имигрантите. Овие идеи ги мотивираа фашистичките режими да вршат масакри, присилни стерилизации, депортации и геноциди.

Токму постапките на европратеникот Браун и обвиненијата со кои се соочува поради нив, наликуваат на фашизам. Одликите на фашизмот се далеку од вредностите што се фундаменти на Европската Унија и НАТО. Откако во голем број европски земји беа одржани избори за претставници во Европскиот парламент на коишто доминираше десницата, во објави на социјалните мрежи, како што е случајот и со објавата предмет на нашата анализа, се засили наративот дека ЕУ е фашистичка. Но, таквите тврдења не се реални. Европската Унија, спротивно на постулатите на фашизмот, е политичка и економска унија од 27 земји-членки кои се фундаментално демократски и се придржуваат до принципите на либерална демократија, човекови права и владеење на правото. Со ЕУ управуваат институции, кои, меѓу другите, ги вклучуваат Европската комисија, Европскиот парламент и Европскиот совет. Одлуките се носат низ демократски процеси, при што земјите-членки имаат застапеност и збор во креирањето политики. Европскиот парламент се избира на демократски избори кои се одржуваат во земјите членки, а тој потоа ја избира Европската комисија.

ЕУ става силен акцент на човековите права, основните слободи и заштитата на малцинствата. Таа има механизми за да ги поддржува овие принципи, како што е Европскиот суд за човекови права. Од друга страна, пак, фашистичките режими се познати по нивната угнетувачка природа, вклучувајќи цензура, прогон на политичките противници и кршење на човековите права. ЕУ ја слави културната различност и ја охрабрува соработката меѓу различните народи. Се стреми да го поттикне чувството за европски идентитет, истовремено почитувајќи ги националните идентитети. Што се однесува до НАТО, тоа не е никаква фашистичка организација, туку претставува одбранбена Aлијанса со главна цел да ги заштити своите членови од надворешни закани. Официјалните политики на НАТО се дека не бара конфронтација, но, сепак, е подготвена да ги заштити и да ги одбрани своите сојузници. Не е точно дека никој повеќе не сака да се приклучи на ЕУ и НАТО. Украина одамна инсистира да стане членка на НАТО, а ЕУ води преговори за членство со Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора, Молдавија, Украина, а преговори со ЕУ почна и Северна Македонија. Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.

   

Најново

Калас: Проширувањето и е неопходно и на Европската Унија

Sase Ivanovski

Левица: Ристески од ДПМНЕ и покрај стан во Кисела Вода е рекордер по патни трошоци

Sase Ivanovski

ПРИЗМА – Нема место за зеленило на парцелите: Сечи си, плати си и гради си

Sase Ivanovski

Вистиномер: Со про-Кремљ дезинформации повторно се обвинуваат ЕУ и НАТО за војната во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Борис Георгиевски во поткастот „Каде се парите“: ГЕРМАНИЈА СО ПОЛИТИЧКИ И ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ

Sase Ivanovski

Вистиномер: Кисела Вода сè уште не ја доби ветената поликлиника

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Со транспарент на кој се испишани имињата на жртви од повеќе несреќи во Македонија, и оставен простор за поминување на луѓе, иницијативата “Кој е следен?” направи герила акција пред седиштето на Обвинителството

Sase Ivanovski

Вистиномер: Тинекс не доделува подарок картичка со 7.000 денари

Sase Ivanovski

Ученички скоро четири години малтретирале соученичка во беровско иако мајката пријавувала во школото

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: Путин покажа дека не сака мир

Sase Ivanovski

Вистиномер: Доктор Жан Митрев злоупотребен во лажен маркетинг за „маст за зглобови“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Рама клекнат на колена ја дочека италијанската премиерка Џорџа Мелони

Sase Ivanovski

Песков: Неопходна е средба Путин – Трамп за меѓународните прашања

Sase Ivanovski

ССНМ: Оценките на Сиљановска Давкова за работата на новинарите се непримерни

Sase Ivanovski

Претседателот на Уставниот суд, Костадиновски оствари работна средба со италијанскиот амбасадор Палминтери

Sase Ivanovski

Затворски казни за директорите Флорин Бесими и Артан Етеми за пожарот во модуларната болница

Sase Ivanovski

Работилница со светски реномираниот театаролог Патрис Павис на Факултетот за драмски уметности-Скопје

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Нема причина за вознемиреност по хаваријата во Пинтија

Sase Ivanovski

Стојаноски: Инвестициите ќе го зголемат БДП што директно влјиае на подобар стандард на живот за граѓаните

Sase Ivanovski

Приведено лице од Македонска Каменица затоа што управувало возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Може Филипче и во негов стил, преку фејсбук статус од песочните плажи, да одговори дали со златната виза отишол во Дубаи со Заев за бизнис?

Sase Ivanovski

Таравари имаше бел лист на маса за да напише колку општини сака, но одлучи да оди во прегратките на ДУИ, вели Муртезани

Sase Ivanovski

Герасимовски на средба со центарци: Реконструирани 20 улици, подобрени условите во сите основни училишта и градинки

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова изненадена од оставката на Таравари: Не го разбирам овој потег

Sase Ivanovski

Милошоски обвинува дека СДСМ безусловно прифаќа уставни измени по барање на Бугарија

Sase Ivanovski

Делегација од МОН на 24-от состанок на заедничкиот комитет на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUS)

Sase Ivanovski

Мицкоски: Утре е убав и голем ден за Македонија

Sase Ivanovski

Каранфилова–Пановска: Пораките на Кошта се јасни, власта да го деблокира европскиот пат

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски живее надвор од реалноста, економијата тоне, граѓаните едвај врзуваат крај со крај

Sase Ivanovski

По два месеци лекување се огласи гитаристот на ДНК: „Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса“

Sase Ivanovski

Османи: Сиљановска-Давкова наместо да ја поддржи европската иднина на државата, продолжува да шири дезинформации

Sase Ivanovski

Милошоски: Благодарение на политиките на СДС, Македонија е во состојба на блокирани преговори со ЕУ

Sase Ivanovski

Поддршка за женското претприемништво во регионот – ново партнерство на GEA со Aspire Balkans

Sase Ivanovski

„Кој е следен“ организира поддршка за „Маршот на ангелите“ во Кочани оваа сабота

Sase Ivanovski

Левица: Агенцијата за обезбедување од „Пулс“ на иста адреса со функционер на ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Караванот „Заедно знаеме повеќе“ во Крива Паланка – Движењето ЗНАМ за Наша Македонија директно со народот

Sase Ivanovski

Скопјанец силувал жена на паркинг во Сопиште, ја удирал со боксови и нога по лице

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Али Ахмети ги дели Албанците за да се спаси себе и неговиот фамилијарен капитал, Таравари е последната жртва

Sase Ivanovski

Герасимовски: Улицата „Дебарца“ готова до крајот на месецот, се работи со полна пареа

Sase Ivanovski

Обдукцијата доставена до Обвинителството, се чека одлука за смртта на Ведат Адеми

Sase Ivanovski

Милошоски: Благодарение на политиките на СДС, Македонија е во состојба на блокирани преговори со ЕУ

Sase Ivanovski

Меџити: Стратешките инвестиции во зелената инфраструктура го забрзуваат економскиот развој

Sase Ivanovski

Мицкоски за Euronews: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта, постигнавме да сме први во Европа по странски инвестиции и ја намаливме инфлацијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дино Мерлин: Првиот настап во Македонија ми беше во 1985та во Битола, два дена возевме до Сараево со Фичо комбе, немавме пари за хотел во Битола, спиевме во комбето

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова на средбата со Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaција

Sase Ivanovski

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

Sase Ivanovski

Муцунски: Чест ми е што денес во Скопје ја пречекувам министерката за надворешни работи на Австрија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Остануваме посветени на евроинтеграциите, но граѓаните чувствуваат горчина поради отстапките кои ги правеа, ни ветуваа чуда, а ние баравме обични работи

Sase Ivanovski

Љупчо Георгиевски во најновата епизода на Бизнис Муабети

Sase Ivanovski

Петар Богојевски: Квалитетот на наставниот кадар е клучен…

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 2018 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 256 за брзо возење

Sase Ivanovski

Герасимовски: Отворен јавен повик за финансирање проекти за воннаставни активности во основните училишта во Центар

Sase Ivanovski

Активно учество на пратеникот Беким Ќоку на ПССЕ настан во Финска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС и Филипче да не молчат и да одговорат, каде е Венко Филипче?

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен малолетник кој уценувал маж во Битола

Sase Ivanovski

Мицкоски за „Euronews“: Нема аргументи за прифаќање на бугарските барања, жал ми е што корумпирани политичари за да останат на власт прифаќаа се и сешто

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Кошта ја поздрави одличната работа на Владата и реформскиот напредок, иднината на Македонија е во ЕУ

Sase Ivanovski

Стокомак се прошири и на територијата на Србија…

Sase Ivanovski

Индиски возачи ја управуваат македонската индустриска механизација

Sase Ivanovski

Работниците ни бегаат во странство па мораме да им ги зголемуваме платите

Sase Ivanovski

24 Отворено – Кој ќе го наследи Таравари на министерска позиција и што значи ова за локални избори?

Sase Ivanovski

Ким Јонг-ун и порача на севернокорејската армија да се подготви за војна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Можете оцените кому му верувате само ако го погледнете во очи – Чејс Хјуз

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кодовите на вашите гуми и како тие влијаат на перформансите…

Sase Ivanovski

„Само Вистина” 14.05.2025 – На кратко со Иван Стоилковиќ

Sase Ivanovski

Прашајте го ОВА за да ја демаскирате лажната доверба – Чејс Хјуз

Sase Ivanovski

Доналд Трамп: На 15 мај дека мировните преговори за Украина нема да напредуваат додека не се сретне со рускиот претседател Владимир Путин

Sase Ivanovski

Договорот меѓу Црна Гора и ОАЕ за концесија на Големата плажа предизвика бурни реакции меѓу мештаните…

Sase Ivanovski

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова вели дека не го разбира потегот на досегашниот министер за здравство Арбен Таравари да излезе од влада

Sase Ivanovski

Божиновска: Во прекрасниот амбиент на галеријата „Д.А. Гуте“ во Сули ан, присуствував на свеченото доделување на наградите за најдобрите графичари на Факултетот за ликовни уметности — традиција што опстојува 38 години и секогаш нè потсетува на моќта на уметноста да нè допре

Sase Ivanovski

Герасимовски: Заедно со центарци дискутиравме за сите проекти што ги имплементираме за развој на Центар и поквалитетен живот

Sase Ivanovski

Биографот на Трамп тврди дека претседателот и Меланија се „разделени“ и не живеат според традиционалните договори за брак

Sase Ivanovski

Украина сè уште може да победи, но не ако Трамп продолжи да брка примирје што Русија не го сака…

Sase Ivanovski

По антитерористичките проверки, вратена публиката на концертот на Пеѓа

Sase Ivanovski

Дојава за бомба пред концертот на Пеѓа Јовановиќ, публиката евакуирана

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова и замери на Оливера Трајковскa. Не прифаќа дека Мицковски ја супституира и нејзината функција за избор на гувернер

Sase Ivanovski

24 Анализа – Останува ли Македонија дефинитивно во блокот со Косово и БиХ?

Sase Ivanovski

Хазири: Да не го знаеш јазикот на другиот не е лингвистички туку политички проблем

Sase Ivanovski

Ранливоста ги прави мажите привлечни…

Sase Ivanovski

Црвени знамиња во разговори – Психопатски особини што треба да ги знаете

Sase Ivanovski
Вчитувам....