Цитатот што му се атрибуира на Фидел Кастро, а во склоп на објавата има и негова фотографија, тој никогаш не го кажал туку е измислен. Постои јавно достапна дата-база на говорите на Фидел Кастро (на ЛАНИК – Latin American Network Information Centre). Таму се наведени сите говори на Кастро од 1956 до 1996 година. Кога во оваа база на податоци ќе се впишат клучните зборови од цитатот, тој не е пронајден, односно не постојат совпаѓања на цитатот со кој било од зачуваните документи во дата-базата. Ги пребаравме и записите на сајтот за 138-те најпознати цитати од Кастро, меѓутоа запис од цитатот не постои ни таму. Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Фидел Кастро (1926 – 2016)
„Следната војна во Европа ќе биде помеѓу Русија и фашизмот,
токму на прагот на случувањетo, само тогаш фашизмот ќе се нарекува демократија“.
Цитатот што му се атрибуира на Фидел Кастро, а во склоп на објавата има и негова фотографија, тој никогаш не го кажал туку е измислен. Како што може да се види од написи на проверувачи на факти, станува збор за измислен цитат на Кастро кој се споделува уште од 2022 година. Проверувачите на факти на „Фактчек“ пишуваат дека цитатот не е на Фидел Кастро и дека е лажен.
Постои јавно достапна дата-база на говорите на Фидел Кастро (на ЛАНИК – Latin American Network Information Centre). Таму се наведени сите говори на Кастро од 1956 до 1996 година. Кога во оваа база на податоци ќе се впишат клучните зборови од цитатот, тој не е пронајден, односно не постојат совпаѓања на цитатот со кој било од зачуваните документи во дата-базата. Ги пребаравме и записите на сајтот за 138-те најпознати цитати од Кастро, меѓутоа запис од цитатот не постои ни таму. На 26 ноември 2016 година, еден ден по смртта на Фидел Кастро, „Ројтерс“ објави познати цитати од поранешниот кубански лидер во текст. Во 2008 година „Гардијан“ им понуди сличен таков напис на своите читатели. Но, ниту во едниот ниту во другиот не постои цитатот што е составен дел од објавата што ја рецензираме.
Не постојат докази кои би докажале дека гореспоменатиот цитат му припаѓа на Фидел Кастро. Цитатот е измислен и раширен во светло на руската воена инвазија врз Украина за да служи како оправдување на војната што ја почна Русија, пишуваат проверувачите на факти на „Фактчек“.
Пребарувањата на оваа изрека на англиски јазик покажуваат дека таа е споделена на некои социјални мрежи како Редит, Quora, без контекст и извор на информацијата. Кога Кастро би кажал ваков цитат, тогаш тој би бил запишан од историчарите и хроничарите и би се нашол во збирките на сите негови маркантни изјави. „Википедија“, исто така, има издвоено десетици негови изјави на повеќе теми, дадени низ годините на неговото владеење, меѓутоа и тука нема ништо слично. Единствено нешто што е забележано дека тој го изјавил во 1992 година поврзано со Русија е негова изјава за распадот на Советскиот сојуз:
СССР се самоуништи на неверојатен начин. Одговорноста за тоа самоуништување несомнено лежи во рацете на лидерите на земјата, оние кои ја водеа таа нација. Сега, некои од нив беа свесни дека ја уништуваат, а други не.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.