Тврдењето дека Вања Ѓорчевска е жива е невистина и грубо поигрување со чувствата на семејството, но и со фактите споделени пред целата јавност, на јавното судење кое се одвива во скопскиот кривичен суд, меѓу кои има и вештачење од извршена обдукција на Вањ Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од убиеното девојче Вања Ѓорчевска, заедно со обвинетите за нејзиното убиство (и помагање во грабнување) и се вели:
„Вања е жива!“
Станува збор за морбидна, груба дезинформација која си поигрува со чувствата на семејството, но и со фактите споделени пред целата јавност, на јавното судење кое се одвива во скопскиот кривичен суд, меѓу кои има и вештачење од извршена обдукција на Вања Ѓорчевска. Јавното обвинителство уште на 5 декември 2023 година потврди дека обдукцискиот наод за Вања Ѓорчевска е завршен, а телото е предадено на семејството. Во текот на јавното судење кое го следат новинари од најголемите редакции во државата, обвинителката Жаклина Трајковска образложи 180 од вкупно 197 докази кои се однесуваат на локациите каде биле најдени жртвите, наодите и увидите на истражните органи, трагите што биле пронајдени, обдукциските наоди и извештаите од психијатриските вештачења. Девојчето откако беше пронајдено и откако заврши обдукцијата беше погребано.
Обвинителката пред судот исцрпно образложи дека жртвите (едната од нив е Вања Ѓорчевска, а втората е Панче Жежовски н.з) биле усмртени со истрел во главата од непосредна близина, со куршум од калибар 9 милиметри. Обдукцијата покажа дека Ѓорчевска не била задушена, односно во моментот на убиството била жива. На лентата врз нејзината уста, пронајдени се ДНК траги од обвинетиот Велибор Манев. Полициски началник пред судот сведочеше дека бил присутен во моментот кога го пронашле безживотното тело на Вања Ѓорчевска. Девојчето во моментот на пронаоѓањето било со стеги на рацете и нозете, со лента на устата.
На 3 декември 2023 година во вечерните часови, Јавното обвинителство соопшти дека по преземени опсежни мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Скопје, на 3 декември, во околината на Скопје било пронајдено безживотното тело на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Повеќе детали за обдукцијата и ДНК анализите кои беа споделени во судница може да се прочита на следниот линк.
Вања Ѓорчевска беше пријавена за исчезната во понеделникот на 27 ноември, кога се упатила на училиште. Освен телото на Вања Ѓорчевска, пронајдено беше и телото на 74-годишниот Панче Жежовски кој беше пријавен за исчезнат на 24 ноември. За двата случаи осомничени па обвинети се пет лица. Тврдењето дека Ѓорчевска е жива е невистина и грубо поигрување со чувствата на семејството. Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.