Денот на победата во Европа – 8 Мај, го означува крајот на Втората светска војна – 8 мај 1945 година, кога сојузниците го прифатија предавањето на нацистичка Германија. Откако Русија ја почна неиспровоцираната брутална воена инвазија врз Украина, европските лидери и политичари се дистанцираат од прославата која се одржува во Москва еден ден подоцна, на 9 мај. Бројни се доказите дека денот се одбележува во Европа. Четиридневно одбележување организирано од владата на Британија се одржа од понеделник до четврток (од 5 до 8 мај). Франција ја одбележа 80-годишнината од крајот на Втората светска војна со парада на која беше присутен и претседателот Емануел Макрон кој одржа говор.Во Германија, новоизбраниот канцелар Фридрих Мерц се придружи на церемонијата за положување венци и на централниот јубилеј, парламентарна комеморација во Рајхстагот. Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Не е точно дека Европа не одбележува победа над фашизмот, или пак дека „не го победила“. Денот на победата над фашизмот во Европа се одбележува на 8 мај, а откако Русија ја почна неиспровоцираната брутална воена инвазија врз Украина, европските лидери и политичари се дистанцираат од прославата која се одржува во Москва еден ден подоцна, на 9 мај. Причината е меѓу другото и тоа што Русија ја оправдува својата неиспровоцирана воена инвазија врз суверена и демократска држава со легитимно избрано политичко раководство – Украина, со наводна „денацификација“. Денацификацијата е процес кој е завршен после Втората светска војна. Денот на победата во Европа – 8 Мај, го означува крајот на Втората светска војна – 8 мај 1945 година, кога сојузниците го прифатија предавањето на нацистичка Германија. Бројни се доказите дека денот се одбележува во Европа.
Така во Обединетото Кралство бројни настани се одржаа за одбележувањето.
Четиридневно одбележување организирано од владата на Британија се одржа од понеделник до четврток (од 5 до 8 мај), а и самите Британци прославуваа на свој начин на улиците и во своите градини, општински сали и пабови, слично на начинот на кој луѓето го одбележаа крајот на војната пред 80 години. Во понеделникот на 5 мај, одбележувањето почна на плоштадот „Парламент“ во централен Лондон. Актерот Тимоти Спал го рецитираше познатиот говор на Винстон Черчил во кој тој вели – „Драги пријатели, ова е вашиот час. Ова не е победа на некоја партија или класа. Ова е победа на големата британска нација во целина“. Ветеранот Алан Кенет формално ја почна воената процесија во која учествуваа 1.300 членови на вооружените сили на Обединетото Кралство, униформирани службеници и млади луѓе. Тие продолжиле покрај плоштадот „Трафалгар“ и покрај Бекингамската палата, известува во детали „Скај Њуз“.
На следниот линк има и висококвалитетни фотографии од кралското семејство коешто го гледа маршот и одбележувањето со воените авиони. На нив може да се види дека во чест на денот на победата во цела Велика Британија биле осветлени споменици во црвено-сина боја. На следниот линк може да се види целосен видеозапис од одбележувањето на денот на победата во Франција која ја одбележа 80-годишнината од крајот на Втората светска војна со парада на која беше присутен и претседателот Емануел Макрон кој одржа говор.
Во Германија, новоизбраниот канцелар Фридрих Мерц се придружи на церемонијата за положување венци и на централниот јубилеј, парламентарна комеморација во Рајхстагот. Фотографиите се на следниот линк, а ги објави „Дојче Веле“. И овој настан и тие што се случија во Париз и Лондон на 8 мај се во знак на сеќавање на победата врз нацизмот. Европа е против појавата на неофашизмот и сите негови облици. Обвинувањето за нацизам/фашизам и поставувањето врска со нацистичка Германија е една од омилените техники на про-Кремљ пропагандата, пишува ЕУ вс Дисинфо. За бројните и дијаметрално спротивни постулати на фашизмот и Европската Унија „Вистиномер“ пишуваше овде. Европската Унија е основана и функционира до ден денешен, врз основа на постулати кои се дијаметрално спротивни на фашизмот. Меѓутоа, откако европските лидери се спротиставија на тоа да учествуваат како посетители на руската воена парада по повод 9 Мај (победата над фашизмот се одбележува во Русија еден ден подоцна отколку во Европа), се засилија и обвинувањата кон нив и пропагандата за „фашистичка Европа“. Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.