20.8 C
Скопје
09/05/2025 12:22
МАКТЕЛ

     

ВИСТИНОМЕР: Пожарот во кочанската дискотека и препознавањето лоши вести

      

Кога ќе се погледнат насловите и содржините на текстовите во медиумите и објавите на социјалните мрежи изминативе денови во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, може да се примети забележи ниско ниво на сензационалност во пласираните содржини, со попатно ковање на теории на заговор од мистичен и езотеричен карактер. Од друга страна, забележливо е пласирање на спинови за виновниците и кондицијата на домашниот здравствен систем токму од владините претставници, кои по трагедијата во Кочани бараат од медиумите трпеливост и да не се објавуваат и шират дезинформации, пишува „Вистиномер“

Во продолжение ви ja пренесуваме објавата во целост: Како се пишува добра вест во морето од лоши вести? Теоријата на новинарството нема цврсти правила како се прави добра вест. Постојат неколку основни, а потоа сѐ е оставено на умеењето на поединецот или, пак, на уредничките ставови на луѓето во медиумите. Патем, многу е полесно да се препознае лоша вест, отколку да се направи добра вест.

   

Овој цитат е од текстот објавен на „Вистиномер“, пред точно 10 години, кој кога ќе се случат големи трагедии како стравичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за жал повторно станува актуелен. Имаше ли бран од дезинформации и „лоши вести“ во информирањето за пожарот во кочанската дискотека и трагичните последици што ги предизвика? Кога ќе се погледнат насловите и содржините на текстовите во медиумите и објавите на социјалните мрежи изминативе неполна недела наназад, може да се забележи релативно ниско ниво на сензационалност во пласираните содржини, со попатно ковање на теории на заговор од мистичен и езотеричен карактер.

Од друга страна, забележливо е пласирање на спинови за виновниците и кондицијата на домашниот здравствен систем (овдеовдеовде и овде) токму од владините претставници, во прв ред премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кои по трагедијата во Кочани бараат од медиумите трпеливост и да не се објавуваат и шират дезинформации (овде и овде). И на социјалните мрежи осамнаа некои шпекулации и дезинформации во врска со бројот на настраданите и начинот на кој полицијата и протипожарната служба се справувала со катастрофата (овде и овде). Кога се случува трагедија од големи размери како оваа, вниманието на јавноста по правило се навраќа на други слични несреќи со масовни жртви. А, по правило, професионалните и етичките стандарди на медиумите паѓаат надолу.

„Вистиномер“ и по повод овој трагичен настан потсети кои се највисоките професионални и етички стандарди до кои треба да се придржуваат медиумите при известување од трагедии како последната во Кочани. Кога кон крајот на 2021 се случи трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Струма во Бугарија, во која целосно изгоре автобусот и настрадаа 45 лица од Македонија, а 7 беа повредени, медиумите објавуваа различни верзии и шпекулации околу причините, кои подоцна во текот на истрагата беа демантирани.

Во тогашниот случај се шпекулираше дека во автобусот се шверцувало нафта, што била причина за експлозија, потоа шпекулации дека во автобусот се шверцувале големи количини на пиротехнички матeријал кои ја причиниле експлозијата, како и тврдењата дека се превезувала хeмиска супстанција од која се правела дрога, а која, пак, била високо запалива. Преголемата брзина со која возел возачот на автобусот, дека заспал, немало траги од кочење… беа останатите наводи од спектарот на шпекулации, подоцна демантирани, а дел од медиумите ги објавија демантите и фактите, а дел не.

Интересно е што меѓу изворите на дезинформации и шпекулации околу причините за оваа автобуска несреќа, кои подоцна низ стандардна постапка добиле и судска завршница, се и политичари кои го искористиле траорниот момент да ја манипулираат јавноста.

Трагедијата во Кочани го повлече тригерот за барање одговорност и за другите големи трагедии во државата, како пожарот во модуларната болница во Тетово на 08.09.2021 (14 жртви) и автобуската несреќа кај Ласкарци на 13.02.2019 (16 жртви).

Додека се молиме за преживеаните и се подготвуваме да ги испратиме трагично загинатите на 16 март, како Влада ветуваме дека горчливата лекција од Кочани е научена, пораката е примена: државата нема да седи со вкрстени раце и нема да дозволи правдата да заталка и да се девалвира низ институционалните лавиринти изградени да ги штитат токму недопирливите!, најави вицепремиерот Изет Меџити.

Пред неговата најава на социјалните мрежи почна да циркулира објавата на Лејла Кадриу, поранешна обвинителка во ОЈО Тетово, која на почетокот ја водеше истрагата за трагедијата со модуларната болница во Тетово, а потоа беше разрешена од Советот на јавни обвинители. Нејзината објава беше споделена и во медиумите, со наводите дека постои можност истрагата за пожарот во дискотеката во Кочани да се забошоти слично како истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово.

Слично како и во случајот со трагедијата во Кочани, и кога изгоре модуларната болница во Тетово почнаа да се шират дезинформации околу бројот на загинатите, како и шпекулативни објави на социјалните мрежи со кликбејт наслови и содржина. Меѓутоа, факт е дека пред 3 дена (на 18.03.2025) Основниот суд Тетово започна повторно судење за пожарот во модуларната болница во Тетово.

„Порталб“ потсети дека рочиштата за повторното судење беа откажани четири пати, а предметот ќе биде повторно суден откако Апелациониот суд Гостивар го врати предметот во Основниот суд Тетово. По првото судење во Судот во Тетово, кое заврши во јуни 2023 година, а беа обвинети поранешниот медицински директор на тетовската болница и поранешниот економски директор, лекарот одговорен за „КОВИД“ центарот и тетовската болница, Апелациониот суд во Гостивар во мај 2024 година одлучи да ја врати постапката против директорите од почетокот, бидејќи беше неиздржана пресудата.

Сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци (во близина на скопската општина Сарај) беше судски процесуирана, но роднините на загинатите не беа задоволни од висината на казната за сопственикот на превозникот „Дурмо турс“ од Гостивар, па процесот сè уште е во жалбена постапка.

 

Пишува: Стојан Синадинов

    

Најново

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski
Вчитувам....