9.4 C
Скопје
16/05/2025 15:40
МАКТЕЛ

     

Вистиномер: Со про-Кремљ дезинформации повторно се обвинуваат ЕУ и НАТО за војната во Украина

      

Објавата, во обид да ја оправда руската воена инвазија врз Украина, во духот на про-Кремљ дезинформациите, ги извртува тезите обвинувајќи ги ЕУ и НАТО за војната и оцрнувајќи ги дека се фашистички. Таквите обвинувања не одат во прилог на фактите, Русија е таа која ја започна војната, а ЕУ и НАТО само ѝ помагаат на Украина да го заштити својот територијален интегритет. Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Браво за мојот фаворит Трамп, борец за мир, а не како овие неонацифашисти и педофили од ЕУ и НАТО кои сакаат само солзи, крв и смрт.

Не е точно дека Европската Унија и САД се неонацистички, како што сака тоа да го прикаже објавата. Ваквиот наратив е на иста линија со про-Кремљ дезинформациите дека сите се „нацисти“, освен Русија. Како што објавува EuVsDisinfo, долги години руските медиуми контролирани од државата тврдeле дека различни држави и ентитети се управувани од нацисти, или, пак, се водат од нацистичката идеологија. Примерите се добро документирани во базата на податоци EUvsDisinfo од 2015 година. Таму, на пример, се тврди дека Молдавија е управувана од фашисти, а, исто така, и балтичките држави и Полска. Понатаму, дека Европа го „поддржува“ фашизмот, а исто така и Европскиот парламент.

Тврдењето дека Европската Унија е нацистичка и нејзиното поврзување со фашизмот е комплетно спротивно на реалните заложби и цели поради кои Унијата е воопшто формирана. Станува збор за политичка и економска унија на 27 земји членки примарно лоцирани во Европа, со политики кои обезбедуваат слободно движење на луѓе, проток на добра, услуги и капитал на внатрешниот пазар, заеднички политики за трговија агрикултура и регионален развој. На 25.10.2018 година, Европскиот пpарламент објави дека е загрижен од зголемениот тренд на нормализација на фашизмот, расизмот и ксенофобијата и повика сите земји членки на Европската Унија да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи. Членовите на Европскиот парламент ги охрабруваат националните влади ефективно да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи и сите други фондации и асоцијации кои го глорифицираат нацизмот или фашизмот. Европскиот парламент повика земјите членки јасно да ги осудат и санкционираат криминалот од омраза, говорот на омраза од страна на политички фигури кои користат омраза и насилство. Исто така, оттаму додадоа дека е потребно земјите членки да се спротивстават на ширењето расизам, фашизам, ксенофобија преку интернет во соработка со компании за социјални мрежи.

   

Од ова станува јасно дека заложбите на Европската Унија не само што не се фашистички, туку и цврсто се темелат на антифашистички политики, препораки и дејствија. Што се однесува до НАТО, тоа не е никаква фашистичка организација, туку претставува одбранбена алијанса со главна цел да ги заштити своите членови од надворешни закани. Официјалните политики на НАТО се дека не бара конфронтација, но, сепак, е подготвена да ги заштити и да ги одбрани своите сојузници. На 1 март 2007 година во Брисел, во говорот на поранешниот генерален секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер тој наведува:

Да, НАТО е алијанса на западните земји. Да, со исклучок на секуларна муслиманска Турција, НАТО е претежно алијанса на христијански земји. Секој декември НАТО во Брисел е осветлен со голема божиќна елка. Но, вредностите за кои се залага НАТО не се уникатно христијански. Вредностите што ги промовираме и браниме со нашиот ангажман се универзални. Правото на жените да одат во училиште е универзално право. Правото да ја изберете религијата во која ќе верувате и да не треба да се плашите од смртна казна поради изборот, е универзално право. Правото да ја изберете вашата демократска влада на слободни и фер избори е универзално право. Овие се вредностите што ги браниме од Балканот до Авганистан. За нив нема преговори. Но тие не се уникатно западни и не се уникатно христијански. Навистина верувам дека земјите од сите делови на светот и од сите поголеми вери, треба да се способни да се согласат за нив. Тие се вистинската основа за човековиот опстанок во 21 век, вели тој меѓу другото во говорот.

Тоа значи дека и НАТО, како и ЕУ, ги поддржува и промовира различностите, различниот културен идентитет и демократските права на сите подеднакво. Тоа во никој случај не е фашизам. Што се однесува до наративот во објавата за „педофилска ЕУ“ , тој асоцира на дезинформациите и пропагандата која се шири од Кремљ, a која му е посветена на Западот во обид да се оправда агресивната руска воена инвазија на Украина. Претседателот на Русија, Владимир Путин, како што пренесе француски Ле Монд. (02.03.2023), во своето обраќање до нацијата на 21 февруари (2023) го обвини Западот дека ја направил педофилијата „норма“.

Див напад, типичен за рускиот лидер, но кој се совпаѓа со оној на Кју Анон заедницата која споделува дезинформации за педофилски елити во Белата Куќа, пишува Ле Монд.

Она што е тешко, е да се направи разлика меѓу пропагандата произведена од кујната и стратегиите на Кремљ и мноштвото руски и француски конспирациски кругови кои гравитираат кон нив и може да се манипулираат, изјави Пјер Андре Тагуиф, политички истражувач и автор на неколку книги за теории на заговор. Не постои ниту приближна иницијатива во ЕУ да се легализира педофилијата која се смета за кривично дело. Директивата за борба против сексуалната злоупотреба и сексуалната експлоатација на децата и против детска порнографија, е само еден документ кој ја претставува непоколебливата борба на ЕУ против криминалот со педофилијата. На крај објавата тврди дека ЕУ и НАТО се тие кои сакале „крв, солзи и смрт“. И ова оди во прилог на про-Кремљ дезинформациите дека Русија не е виновна за војната во Украина, дека војната ја почнале ЕУ и НАТО,  а Русија само се брани. На 24 февруари 2022 година, руските трупи започнаа напад врз Украина нареден од претседателот Путин, кој најави „специјална воена операција“ во раните мугри, и покрај предупредувањата од светските државници дека потегот може да доведе до најголемата војна во Европа од 1945 година. На нападот му претходеше одлуката на рускиот претседател Путин од 21 февруари 2022 година, за признавање на независноста на таканаречените народни републики во Доњецк и Луганск, кои од 2014-тата година се под контрола на проруските сепаратисти. Ваквата одлука на Путин му овозможи директно да испрати руски воени единици во Источна Украина, каде веќе беа во тек повремени судири меѓу украинските сили и проруските сепаратисти. Од почетокот на агресивната воена инвазија на Русија врз Украина, во повеќе наврати пропагандата на Кремљ се обидува да ги изврти тезите односно да наметне низа оправдувања за своите напади. Вистината е дека Русија е таа којашто изврши неиспровоцирана воена инвазија врз Украина, на 24 февруари 2022 година. ЕУ ѝ пружа воена и финансиска помош на Украина која има право да се брани од воената руска инвазија и да го штити својот територијален интегритет. Од февруари 2022 година, Европскиот совет и Советот на Европската Унија редовно се состануваат за да разговараат за ситуацијата во Украина од различни перспективи.

Русија мора веднаш да ја прекине оваа страшна војна. Европската унија ќе застане до Украина со својата цврста поддршка онолку долго колку што е потребно, стои во заклучоците на Европскиот совет од 9 февруари 2023 година.

Лидерите на ЕУ во неколку наврати побараа Русија веднаш да ги прекине своите воени акции, безусловно да ги повлече сите сили и воена опрема од Украина и целосно да го почитува територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина. Тие го истакнаа правото на Украина да ја избере својата судбина и го пофалија народот на Украина за нивната храброст во одбраната на својата земја. ЕУ покажа единство и сила и ѝ обезбеди на Украина хуманитарна, политичка, финансиска и воена поддршка. НАТО исто така ја осудува руската брутална и непровоцирана воена агресија кон Украина, која е независна и демократска држава и близок НАТО партнер. НАТО и сојузниците, ѝ даваат на Украина поддршка во нејзиното неспорно право на самоодбрана. Воената помош вклучува оружје, опрема и финансиска помош за украинската војска. Хуманитарната помош опфаќа медицински, прехранбени и други производи за цивилите, додека финансиската помош доаѓа во форма на грантови, заеми и гаранции. Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистинита.

   

Најново

Вистиномер: Парада на победата во Москва: Кога Путин говори за правда и праведност

Sase Ivanovski

Калас: Проширувањето и е неопходно и на Европската Унија

Sase Ivanovski

Вистиномер: ЕУ не е фашистичка ако му го одзела имунитет на крајнодесничарскиот европарламентарец Браун

Sase Ivanovski

Левица: Ристески од ДПМНЕ и покрај стан во Кисела Вода е рекордер по патни трошоци

Sase Ivanovski

ПРИЗМА – Нема место за зеленило на парцелите: Сечи си, плати си и гради си

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Борис Георгиевски во поткастот „Каде се парите“: ГЕРМАНИЈА СО ПОЛИТИЧКИ И ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ

Sase Ivanovski

Вистиномер: Кисела Вода сè уште не ја доби ветената поликлиника

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Со транспарент на кој се испишани имињата на жртви од повеќе несреќи во Македонија, и оставен простор за поминување на луѓе, иницијативата “Кој е следен?” направи герила акција пред седиштето на Обвинителството

Sase Ivanovski

Вистиномер: Тинекс не доделува подарок картичка со 7.000 денари

Sase Ivanovski

Ученички скоро четири години малтретирале соученичка во беровско иако мајката пријавувала во школото

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: Путин покажа дека не сака мир

Sase Ivanovski

Вистиномер: Доктор Жан Митрев злоупотребен во лажен маркетинг за „маст за зглобови“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Рама клекнат на колена ја дочека италијанската премиерка Џорџа Мелони

Sase Ivanovski

Песков: Неопходна е средба Путин – Трамп за меѓународните прашања

Sase Ivanovski

ССНМ: Оценките на Сиљановска Давкова за работата на новинарите се непримерни

Sase Ivanovski

Претседателот на Уставниот суд, Костадиновски оствари работна средба со италијанскиот амбасадор Палминтери

Sase Ivanovski

Затворски казни за директорите Флорин Бесими и Артан Етеми за пожарот во модуларната болница

Sase Ivanovski

Работилница со светски реномираниот театаролог Патрис Павис на Факултетот за драмски уметности-Скопје

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Нема причина за вознемиреност по хаваријата во Пинтија

Sase Ivanovski

Стојаноски: Инвестициите ќе го зголемат БДП што директно влјиае на подобар стандард на живот за граѓаните

Sase Ivanovski

Приведено лице од Македонска Каменица затоа што управувало возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Може Филипче и во негов стил, преку фејсбук статус од песочните плажи, да одговори дали со златната виза отишол во Дубаи со Заев за бизнис?

Sase Ivanovski

Таравари имаше бел лист на маса за да напише колку општини сака, но одлучи да оди во прегратките на ДУИ, вели Муртезани

Sase Ivanovski

Герасимовски на средба со центарци: Реконструирани 20 улици, подобрени условите во сите основни училишта и градинки

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова изненадена од оставката на Таравари: Не го разбирам овој потег

Sase Ivanovski

Милошоски обвинува дека СДСМ безусловно прифаќа уставни измени по барање на Бугарија

Sase Ivanovski

Делегација од МОН на 24-от состанок на заедничкиот комитет на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUS)

Sase Ivanovski

Мицкоски: Утре е убав и голем ден за Македонија

Sase Ivanovski

Каранфилова–Пановска: Пораките на Кошта се јасни, власта да го деблокира европскиот пат

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски живее надвор од реалноста, економијата тоне, граѓаните едвај врзуваат крај со крај

Sase Ivanovski

По два месеци лекување се огласи гитаристот на ДНК: „Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса“

Sase Ivanovski

Османи: Сиљановска-Давкова наместо да ја поддржи европската иднина на државата, продолжува да шири дезинформации

Sase Ivanovski

Милошоски: Благодарение на политиките на СДС, Македонија е во состојба на блокирани преговори со ЕУ

Sase Ivanovski

Поддршка за женското претприемништво во регионот – ново партнерство на GEA со Aspire Balkans

Sase Ivanovski

„Кој е следен“ организира поддршка за „Маршот на ангелите“ во Кочани оваа сабота

Sase Ivanovski

Левица: Агенцијата за обезбедување од „Пулс“ на иста адреса со функционер на ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Караванот „Заедно знаеме повеќе“ во Крива Паланка – Движењето ЗНАМ за Наша Македонија директно со народот

Sase Ivanovski

Скопјанец силувал жена на паркинг во Сопиште, ја удирал со боксови и нога по лице

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Али Ахмети ги дели Албанците за да се спаси себе и неговиот фамилијарен капитал, Таравари е последната жртва

Sase Ivanovski

Герасимовски: Улицата „Дебарца“ готова до крајот на месецот, се работи со полна пареа

Sase Ivanovski

Обдукцијата доставена до Обвинителството, се чека одлука за смртта на Ведат Адеми

Sase Ivanovski

Милошоски: Благодарение на политиките на СДС, Македонија е во состојба на блокирани преговори со ЕУ

Sase Ivanovski

Меџити: Стратешките инвестиции во зелената инфраструктура го забрзуваат економскиот развој

Sase Ivanovski

Мицкоски за Euronews: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта, постигнавме да сме први во Европа по странски инвестиции и ја намаливме инфлацијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дино Мерлин: Првиот настап во Македонија ми беше во 1985та во Битола, два дена возевме до Сараево со Фичо комбе, немавме пари за хотел во Битола, спиевме во комбето

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова на средбата со Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaција

Sase Ivanovski

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

Sase Ivanovski

Муцунски: Чест ми е што денес во Скопје ја пречекувам министерката за надворешни работи на Австрија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Остануваме посветени на евроинтеграциите, но граѓаните чувствуваат горчина поради отстапките кои ги правеа, ни ветуваа чуда, а ние баравме обични работи

Sase Ivanovski

Љупчо Георгиевски во најновата епизода на Бизнис Муабети

Sase Ivanovski

Петар Богојевски: Квалитетот на наставниот кадар е клучен…

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 2018 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 256 за брзо возење

Sase Ivanovski

Герасимовски: Отворен јавен повик за финансирање проекти за воннаставни активности во основните училишта во Центар

Sase Ivanovski

Активно учество на пратеникот Беким Ќоку на ПССЕ настан во Финска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС и Филипче да не молчат и да одговорат, каде е Венко Филипче?

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен малолетник кој уценувал маж во Битола

Sase Ivanovski

Мицкоски за „Euronews“: Нема аргументи за прифаќање на бугарските барања, жал ми е што корумпирани политичари за да останат на власт прифаќаа се и сешто

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Кошта ја поздрави одличната работа на Владата и реформскиот напредок, иднината на Македонија е во ЕУ

Sase Ivanovski

Стокомак се прошири и на територијата на Србија…

Sase Ivanovski

Индиски возачи ја управуваат македонската индустриска механизација

Sase Ivanovski

Работниците ни бегаат во странство па мораме да им ги зголемуваме платите

Sase Ivanovski

24 Отворено – Кој ќе го наследи Таравари на министерска позиција и што значи ова за локални избори?

Sase Ivanovski

Ким Јонг-ун и порача на севернокорејската армија да се подготви за војна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Можете оцените кому му верувате само ако го погледнете во очи – Чејс Хјуз

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кодовите на вашите гуми и како тие влијаат на перформансите…

Sase Ivanovski

„Само Вистина” 14.05.2025 – На кратко со Иван Стоилковиќ

Sase Ivanovski

Прашајте го ОВА за да ја демаскирате лажната доверба – Чејс Хјуз

Sase Ivanovski

Доналд Трамп: На 15 мај дека мировните преговори за Украина нема да напредуваат додека не се сретне со рускиот претседател Владимир Путин

Sase Ivanovski

Договорот меѓу Црна Гора и ОАЕ за концесија на Големата плажа предизвика бурни реакции меѓу мештаните…

Sase Ivanovski

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова вели дека не го разбира потегот на досегашниот министер за здравство Арбен Таравари да излезе од влада

Sase Ivanovski

Божиновска: Во прекрасниот амбиент на галеријата „Д.А. Гуте“ во Сули ан, присуствував на свеченото доделување на наградите за најдобрите графичари на Факултетот за ликовни уметности — традиција што опстојува 38 години и секогаш нè потсетува на моќта на уметноста да нè допре

Sase Ivanovski

Герасимовски: Заедно со центарци дискутиравме за сите проекти што ги имплементираме за развој на Центар и поквалитетен живот

Sase Ivanovski

Биографот на Трамп тврди дека претседателот и Меланија се „разделени“ и не живеат според традиционалните договори за брак

Sase Ivanovski

Украина сè уште може да победи, но не ако Трамп продолжи да брка примирје што Русија не го сака…

Sase Ivanovski

По антитерористичките проверки, вратена публиката на концертот на Пеѓа

Sase Ivanovski

Дојава за бомба пред концертот на Пеѓа Јовановиќ, публиката евакуирана

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова и замери на Оливера Трајковскa. Не прифаќа дека Мицковски ја супституира и нејзината функција за избор на гувернер

Sase Ivanovski

24 Анализа – Останува ли Македонија дефинитивно во блокот со Косово и БиХ?

Sase Ivanovski

Хазири: Да не го знаеш јазикот на другиот не е лингвистички туку политички проблем

Sase Ivanovski

Ранливоста ги прави мажите привлечни…

Sase Ivanovski
Вчитувам....