Вицепрeмиерот Николоски ја истакна силната подршка на Владата и македонскиот народ кон Украина и украинскиот народ, потенцирајќи ја подготвеноста за давање на континуирана помош. Александар Николоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт оствари видео-конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри на Украина. Двајцата потпретседатели во име на владите на двете земји го потпишаа Протоколот за измена на Спогодбата меѓу Македонија и Украина за меѓународниот патен превоз на патници и стока. Со оваа спогодба, се предвидува двете земји да воведат либерализација за билатералниот и транзитниот превоз во меѓународниот патен превоз на стоки, односно истиот да се одвива без дозволи.
„Превозниците од двете земји ќе можат да вршат превоз за/од трети земји врз основа на дозволите што ги разменуваат Македонија и Украина во реципроцитет на годишна основа. Во однос на билатералниот и транзитен превоз со евро стандард 2, останува да се врши согласно разменетите дозволи исто така на годишна основа. Двете страни ја изразија подготвеноста за унапредување и развој и на превозот на патници“, пишува во соопштението од Министерството за транспорт. Овие измени се во духот на, според Николоски, одличните пријателски односи меѓу Македонија и Укрaина. „Вицепрeмиерот Николоски ја истакна силната подршка на Владата и македонскиот народ кон Украина и украинскиот народ, потенцирајќи ја подготвеноста за давање на континуирана помош“, се додава во соопштението. Извор: Новинска агенција МЕТА