Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи најверојатно нема да поднесе оставка, бидејќи веќе изразил интерес да остане во Владата, нè брифираше функционер на ВМРО-ДПМНЕ. Фетаи два дена одбива да коментира дали ќе поднесе оставка, откако не присуствуваше на состанокот на Алијанса за Албанците кога партијата донесе одлука да замине во опозиција. Во вторник, на 20 мај, ќе се одржи собраниската седница на која министерот за здравство Арбен Таравари и формално ќе се збогува од функцијата, брифира за „Слободен печат“ висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ. Ресорот здравство останува кај владиниот партнер Вреди и, според брифингот, вицепремиерот Арбен Фетаи нема да му се придружи на Таравари, туку ќе остане дел од владиниот кабинет на Христијан Мицкоски.
Со Таравари во опозиција се очекува да заминат и замениците министри Флакрон Беџети и Елфете Исмаили. Неизвесно е само дали на масата на претседателот на Собранието Африм Гаши прво ќе стаса оставката од Таравари или барањето на Мицкоски за разрешување на министерот за здравство. Таравари за „Слободен печат“ потврди дека утре до Собранието ќе поднесе оставка од функцијата министер за здравство.

Без оглед дали прва до Собранието ќе стаса оставката на Таравари или предлогот на премиерот за негово разрешување, точката на дневен ред како дополнување ќе се најде на првата нова собраниска седница, која Гаши веќе ја закажал за 20 мај.
Разликата меѓу оставка или разрешување на министерот за здравство е дека оставката на Таравари Собранието само ја констатира и министерот не мора да се обрати пред пратениците, додека за разрешување министер, Собранието води расправа што трае два дена, односно во зависност од бројот на пријавени пратеници. Фетаи најверојатно нема да поднесе оставка
Според функционерот од ВМРО-ДПМНЕ, вицепремиерот Фетаи најверојатно нема да поднесе оставка, бидејќи веќе изразил интерес да остане во кабинетот на премиерот Мицкоски. Фетаи не присуствуваше на состанокот на Централното претседателство, кога Алијанса за Албанците донесе одлука да заминат во опозиција. Таравари тогаш уверуваше дека се единствени и како претставници во Владата и како пратеничка група, и отсуството на Фетаи го правдаше со негово службено патување. Фетаи, пак, и вчера и денеска одби да коментира дали останува во Владата.

– Засега уште ништо не коментирам – вели Фетаи за „Слободен печат“ на прашањето дали и тој како неговиот лидер Таравари ќе поднесе оставка од вицепремиерската функција. По состанокот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржан прексиноќа, ни премиерот вчера не откри детали за тоа кој ќе седне во фотелјата на Таравари, дали ќе има размена на ресори со коалицискиот партнер во Владата, Вреди, односно дали ќе бара разрешување на сите функционери од АА. Премиерот побара трпение и рече дека следната недела сè ќе биде појасно.– Засега уште ништо не коментирам – вели Фетаи за „Слободен печат“ на прашањето дали и тој како неговиот лидер Таравари ќе поднесе оставка од вицепремиерската функција.

По седницата синоќа, ВМРО-ДПМНЕ соопшти: – Овој чекор на Таравари беше оценето дека претставува уште еден доказ дека групата заштитници на криминалот и на корупцијата добива нови редови – уште една маска падна, уште една илузија беше разоткриена. На политичката сцена се појави нов, добро координиран марионетски квартет: СДС, Алијанса, ДУИ и Левица – различни имиња, но ист газда. Различни маски, но ист сценарист – информираа од партијата.
Билал Касами од Вреди, иако првично најави дека е можна промена на ресори со ВМРО-ДПМНЕ, вчера потврди дека секторот здравство останува кај Вреди. – Комбинациите што се прават во однос на поделба на одговорностите за водење на Владата се прават со политички договор, но и во согласност со капацитетите и кадрите што ги имаат одредени партии што се дел од владината коалиција. Министерството за здравство беше побарано од нас и поради тоа што го водеше член на досегашната коалиција, Арбен Таравари. Тој го побара тоа како ресор, а сега со неговото заминување, ние како Вреди сме подготвени да разговараме и за такви комбинации. Нема преговори во делот на Владата за рокади и, во моментов, сè додека нема нова ситуација, сите позиции што беа досега остануваат во Вреди – рече Касами.

Изет Меџити од Вреди порача дека по заминувањето на Таравари од Владата, играта не е завршена, туку допрва почнува кога станува збор за пратениците и за легитимитетот што ДУИ го оспорува и бара предвремени парламентарни избори. – Што се однесува до пратениците, мислам дека играта не е завршена, играта е почната. Ако мислеа дека со заминувањето на Таравари играта е завршена, тогаш ќе видиме во иднина дека оваа игра ќе продолжи и ќе се игра на теренот на Европскиот фронт – рече Меџити. Меџити оцени дека Владата е стабилна и дека приоритет им се граѓаните, додека другите, алудирајќи на Таравари, мислат како да му олеснат на Ахмети. Ковачки: Таравари докажа дека не е стабилен човек За обвинувањата од владините партнери, од Алијанса за Албанците порачаа дека будно ги следат „тврдењата“ на ВМРО-ДПМНЕ за нивната партија и за нејзиниот претседател.
