МАКТЕЛ

     

Вкупно 72 пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во странство

      

Вкупно 72 пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се лекуваат надвор од државата, откако во текот на вчерашниот ден беа испратени уште 21 пациент. Во Скопје на лекување остануваат 98 пациенти. Во текот на вчерашниот ден, според информациите од Министерство за здравство пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа на Клиничкиот центар во Скопје – 52 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ – 17 пациенти, Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 12 пациенти, Клиника за токсикологија – 10 пациенти, Аџибадем Систина – 7 пациенти. Надвор од државата во текот на вчерашниот ден на лекување биле упатени 21 пациент и тоа во Литванија – 4 пациенти, Австрија – 2 пациенти, Словенија – 2 пациенти, Република Србија – 12 пациенти и Република Бугарија – 1 пациент.

Министерот за здравство Арбен Таравари вчера информираше дека пациентите генерално се во стабилна состојба, освен 20 пациенти, за кои рече дека се во критична состојба, притоа, нагласи дека сите пациенти кои биле во Кочани и Штип, се сместени во Скопје за третман на ниво на терцијарно здравство. Министерот испрати апел до сите оние кои присуствувале на трагичниот настан во Кочани каде загинаа 59 лица, и не се пријавиле на лекар, да се пријават кај нивните матични лекари во болниците во Кочани или Штип, или пак во трите болници во Скопје.

– Да бидеме внимателни и да им се даде максимална медицинска поддршка. Тоа што зависи од нас е направено комплетно. Се надевам дека и земјите кои ни се пријатели и сакаат да ни помагаат ќе дадат максимум од себе. Болниците во Кочани и Штип остануваат без пациенти, како што беше стратегијата да ги повлечеме во Скопје за третман на ниво на терцијарно здравство, рече Таравари.

   

Околу 15 специјалисти од Белград и од Чешка нагласи дека се пристигнати во државава да помогнат за лекување на повредените во катастрофалниот пожар, а очекува да пристигнат и специјалисти од Израел кои ќе бидат распоредени по клиниките каде има потреба. Од пациентите кои се во критична состојба, во текот на вчерашниот ден Таравари рече дека четворица ќе бидат испратени во Словенија, четворица во Хрватска, шестмина во Австрија и 12 во Србија.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, пак, вчера соопшти дека 51 лице од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство. Деветмина пациенти биле испратени во Турција – шестмина во Анкара, а тројца во Истанбул, во Бугарија – 14, од кои осуммина во Софија, а по тројца во Варна и Пловдив, петмина пациенти во Грција, 17 пациенти во Србија, четворица во Литванија кои биле транспортирани со авион обезбеден од Романија и двајца пациенти во Унгарија.

– Очекуваме уште неколку пациенти да бидат упатени надвор од државата. Во Словенија денеска сигурно двајца ќе одат, до подоцна можеби уште двајца или утре ќе остане. За Хрватска или денеска или утре ќе појдат уште четворица пациенти. Во Австрија ќе бидат трипати по двајца пациенти. Тројца во Виена, тројца во Грац, вкупно шестмина. Уште 12 пациенти со авион ќе бидат испратени во Белград, информираше Муцунски.

Во секоја земја каде се испратени пациентите, додаде Муцунски, во МНРНТ има определено контакт лице кое е достапно 24 часа за родителите и пациентите за каква било помош или поддршка, а контакт листата е јавно објавена на веб страницата на Министерството. Тој најави дека ќе предложи од страна на СОЗР да бидат покриени трошоците за пат и престој во странство за членови на семејствата на македонските пациенти што се лекуваат во странство. Како што јави дописникот на МИА од Белград, дванаесетте повредени лица вчера биле префлени со воен авион на српската армија. Четворица од нив се на Воено-медицинската академија во Белград, односно три девојки и едно момче, кои според првичните сознанија се во стабилна состојба и префрлени се Клиниката за пластична хирургија, а останатите се префрлени во Ургентниот центар во Белград.

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, претходно изјави дека 17 пациенти од земјава се згрижени во четири здравствени домови во Србија, односно Клиничкиот центар на Србија, ВМА, Воената болница во Ниш и Клиничкиот центар Ниш, нагласувајќи дека Србија ќе направи се за да им помогне на повредените, но повредите се исклучително сериозни.

– Се прави дијагностика и терапија, се прават преврски. Повредите се сериозни. На располагање им се нашите капацитети. Ги покриваме ние сите трошоци, помагаме и се ќе прифатиме. Повредите се исклучително сериозни и пациентите ќе добијат се, исто како и во најдобрите клиники во светот, изјави Лончар. Претседателот на Србија Александар Вучиќ, пак, при вчерашната посета на повредените кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија, рече дека во здравствените установи во државата ќе примат вкупно 29 повредени лица.

Дописничката на МИА од Атина, вчера информираше дека со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство од Скопје во Атина се пренесени тројца повредени кои ќе се лекуваат во грчката престолнина и според информациите, Според информациите, транспортниот авион со медицински персонал на службата за итна помош вчера полетал од атинскиот воен аеродром за Скопје и откако ги зел повредените веднаш се вратил во Атина.

Повредените се хоспитализирани во Општата воена болница 401, каде што има Оддел за повредени со изгореници. Во две болници во Солун, во општата болница Папаниколау и воената болница 424 веќе се на лекување пет лица кои во пожарот се здобиле со изгореници. Портпаролката на Европската комисија за социјални права и вештини, подготвеност, еднаквост, култура и здравство Ева Хрнчирова, вчера изјави дека Европската унија ја покажува својата солидарност по трагичниот пожар во Кочани и одговори на барањето на Северна Македонија за активирање на Механизмот за цивилна заштита.

– Ние веднаш реагиравме и понудивме да евакуираме пациенти со тешки изгореници. Девет европски земји – Хрватска, Грција, Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Луксембург, Унгарија и Норвешка, веднаш понудија помош, а би можела да следи и дополнителна помош, изјави Хрнчирова.

Според неа, листата на земји кои имаат понудено помош за Северна Македонија не е конечна и е направена во одреден временски период. Во одговор на прашање на бугарски новинар зошто меѓу државите што и пружиле помош на земјава по пожарот во Кочани, кои таа претходно ги соопшти не ја спомена и Бугарија, Хрнчирова рече „примивме понуди и од други земји и можам да кажам дека на Северна Македонија веќе и понудивме и поголема помош од онаа што ја побара“ и истакна дека на барањето на земјава се уште се одговара „што не значи дека Бугарија не понудила ништо“. Хрнчирова претходно информира дека девет европски земји веднаш понудиле помош по пожарот во Кочани, споменувајќи ги Хрватска, Грција, Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Луксембург, Унгарија и Норвешка, но не и Бугарија.

– Листата на земји кои понудија помош за Северна Македонија не е конечна и таа е направена во одреден временски период, а станува збор за процес што е во тек, рече Хрнчирова.

Главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо додаде дека листата на земји што и пружиле помош на државава што претходно ја соопшти Хрнчирова, не е конечна и ќе биде дополнета со оние што ќе понудат поддршка.

  

Најново

(ВИДЕО) „Коцкањето ме уништи – ама моето признание можеби ќе спаси некој друг- Гоце Пејковски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Паркот Сарај полн за првомајскиот пикник

Sase Ivanovski

Се подобрува состојбата на Панчо, но тој останува осомничен за пиротехниката во „Пулс“

Sase Ivanovski

АУЕ-ФОН уште еднаш потврдува дека за образованието нема и не смее да има препреки

Sase Ivanovski

Камбовски: Не може да зборуваме за независно судство, кога финансирањето е преку Владата

Sase Ivanovski

Истражувачкото новинарство и етичко известување во фокусот на дводневната обука на ЗНМ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денеска ја посетив Општина Кавадарци и извршив увид во реализацијата на повеќе значајни инфраструктурни проекти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАКО ЕКСПРЕСНО СЕ ЗАТРУПА ПЕПЕЛТА ВО РЕК БИТОЛА

Sase Ivanovski

(ВИДЕОРЕПОРТАЖА) ПРИЗМА: Македонија паднала за 6 места на индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“

Sase Ivanovski

Ахмети: Го цениме смелиот чекор на Таравари, тој многу порано сфати дека оваа влада е антиалбанска

Sase Ivanovski

Караџов за Николоски: Раскажува македонски приказни за лека ноќ

Sase Ivanovski

ЕК за најавата за заминувањето на Вучиќ во Москва: Односите со Русија не можат да бидат нормални додека трае војната

Sase Ivanovski

САД се повлекуваат од формалните мировни преговори за Украина, Русија одбила прекин на огнот

Sase Ivanovski

РОМСКИОТ ЛИДЕР ДЕМИРОВСКИ СО ПОДДРШКА ЗА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ: Во право си премиере, Ромите се продадени во Шутка!

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: 2. мај историски датум, прогласена Слободна зона во Слупчане по конфликтот во 2001

Sase Ivanovski

Поминаа три месеци од одлуката на новата американска администрација за замрзнување на активностите поврзани со американската странска помош

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: ЗГРЕШИВ ШТО МУ ПОМОГНАВ НА КУРТО ДУДУШ ДА СТАНЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШУТКА, ТАА ГРЕШКА ЌЕ ЈА ИСПРАВАМ

Sase Ivanovski

ПИЈАН ВОЗАЧ БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈА, ТИЕ ГО БРКАЛЕ НИЗ СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЈ НЕ САКА ВО ИМЕ НА ВЛАДАТА ДА СТАВА СМАЈЛИЊА И ЛОШКОВЦИ НА НОВИНАРСКИТЕ И МЕДИУМСКИТЕ ИЗВЕСТУВАЊА, НО РАСПИШАН Е НОВ ТЕНДЕР

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПО СМРТТА НА ФРОСИНА ИМА ПОВЕЌЕ СООБРАЌАЈКИ

Sase Ivanovski

До кога?

Sase Ivanovski

Индискиот премиер ѝ даде оперативна слобода на армијата да одговори на нападот во Кашмир

Sase Ivanovski

Уште колку долго ќе можеме да седиме на две столчиња?

Sase Ivanovski

Муцунски: Средба со претседателот на Јапонската надворешна трговска организација, Сусуму Катаока

Sase Ivanovski

Греам ја поддржува желбата на Трамп да биде новиот папа: „Постојат многу предности“

Sase Ivanovski

Папа Франциско, човекот од збор

Sase Ivanovski

ЕПП усвои резолуција: Доколку ЕУ и другите институции не интервенираат изборите и демократијата во Албанија се загрозени

Sase Ivanovski

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 6 отсто во првиот квартал, извозот изнесува 57,4 милиони евра

Sase Ivanovski

АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ ПРОРЕТЧИЈА ПОСЕТИТЕ НА „МЕКДОНАЛДС“ Компанијата бележи пад на прометот од 3,5%

Sase Ivanovski

Шекеринска: НАТО продолжува да се зајакнува, нема најава за повлекување на американските сили од Косово

Sase Ivanovski

Судскиот совет ги избра Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова за судии на Врховен суд

Sase Ivanovski

Нови детали за тројното убиство во Шведска: Полицијата оди од врата до врата, напаѓачот е во бегство

Sase Ivanovski

Возач на патот Гостивар-Тетово, управувал возило со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80 км на час

Sase Ivanovski

ЗАВРШИ 17. ИЗДАНИЕ НА „ЛИДЕР“ ПРОЕКТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 Беа обучени млади претприемачи

Sase Ivanovski

Сторијата „Аерозагадувањето во Македонија одзема 5000 животи годишно, како да сме во војна“ ја доби првата награда на Советот на етика

Sase Ivanovski

Кривична за сообраќајни полицајци, ја „попречија правдата“ во случајот со братот на градоначалникот Стефковски

Sase Ivanovski

Независниот синдикат на полицијата бара почитување на Законот за минимална плата

Sase Ivanovski

ИСТ ГЕЈТ МОЛ СО НОВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА Лојалните посетители ќе добијат полесна навигација, попусти, ваучери и поени

Sase Ivanovski

Укината Одлуката со која е одобрено основање на приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово

Sase Ivanovski

60-тина илјади млади се иселиле од Македонија последните 5 години, секоја година по 10 отсто од студентите заминуваат да студираат надвор

Sase Ivanovski

Камбовски: Не може да зборуваме за независно судство, кога финансирањето е преку Владата

Sase Ivanovski

ЈАСНА ТОНОВСКА НАЈДОБАР ИСТРАЖУВАЧ НА НАРОДНА БАНКА ЗА 2025 ГОДИНА Светската неизвесност носи ризици за македонската економија

Sase Ivanovski

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

Sase Ivanovski

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕМА БРЗО ДА ЗАВРШИ Џеј Ди Венс објасни како стојат работите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ Одекнале експлозии и избувнал пожар во Крим

Sase Ivanovski

„Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема“ – вели лидерот на ДУИ

Sase Ivanovski

СДСМ започна постапка за утврдување на кандидати за градоначалници и советници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ДАМАСК Нетанјаху е одлучен да ги заштити сириските Друзи

Sase Ivanovski

УАПСЕН ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ИСПУКАЛ КУРШУМ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Ќе добие кривична пријава за предизвикување општа опасност

Sase Ivanovski

СДСМ Е ГЛАДНА ЗА ВЛАСТ И ДОЛГО ЌЕ ОСТАНЕ ГЛАДНА Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од портпаролката Кузеска

Sase Ivanovski

СЕ НАМАЛИЈА ЈАВНИОТ И ДРЖАВНИОТ ДОЛГ Мицкоски најавува период на развој

Sase Ivanovski

Телото на украинската новинарка кој почина во руски затвор Москва го врати со знаци на тортура и со исчезнати органи

Sase Ivanovski

“Го сакав како син, сега ја сакам како ќерка” Роберт де Ниро јавно ја поддржа ќерката која си го смени полот

Sase Ivanovski

Тапанот на Ѓоргиев од ДНК доби нов дом: „Ѓорѓи нека свири преку тебе“

Sase Ivanovski

ЗНМ-Извештајот на Репортери без граници укажува на тенденцијата носители на јавни функции да имаат негативни и понижувачки ставови кон новинарите

Sase Ivanovski

Погледнете го новото видео „Од статистички податоци до ефективни политики“, креирано во соработка помеѓу Finance Think и Државниот завод за статистика

Sase Ivanovski

Касами: Ние не го избркавме Таравари, тој самиот излезе и отиде кај ДУИ

Sase Ivanovski

ФТ Став бр. 63 за можните ефекти од воведувањето царини од страна на САД кон Северна Македонија

Sase Ivanovski

Денко Малески: Погрешен „Ден на македонската дипломатија“?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сакате евтина работна сила за да нѐ нудите како робови на странски инвеститори? Трендафилов најави нови протести ако не се зголемат платите

Sase Ivanovski

Разбивање бариери, зголемување на продуктивноста!

Sase Ivanovski

Повеќе жени на пазарот на труд – повеќе економски можности за сите!

Sase Ivanovski

Уапсениот Грузиец во Грција осомничен за шпионажа бил регрутиран од негов сонародник во Литванија веројатно за руските тајни служби

Sase Ivanovski

Првпат во земјава спроведен рандомизиран контролиран експеримент на економски проблем / проблем од сферата на пазарот на труд

Sase Ivanovski

Маж од Јапонија со автомобил удрил во седум ученици на возраст од 7 и 8 години – рекол дека сакал да ги убие

Sase Ivanovski

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пандев исправен пред тешки прашања…Но Гоче секогаш има одговор..

Sase Ivanovski

Амал Клуни се соочува со забрана за влез во САД

Sase Ivanovski

Германија: Целата АфД класифицирана како десноекстремна

Sase Ivanovski

Жерновски: Село гори, Тимчо се чешла: Четврти ден молк од македонското МНР по изјавата на комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос

Sase Ivanovski

„Сериозен показател за негативниот тренд во демократското управување“, велат од ДУИ по повод падот на Македонија во Индексот за слобода на медиумите

Sase Ivanovski

Амзир Рушити (67) од Куманово во хумана мисија во Кочани – Ќе чисти 62 оџака во Кочани за да донира за повредените

Sase Ivanovski

Додик: Муслиманите сакаат војна во БиХ и да ги стават сите Срби во логор

Sase Ivanovski

Вработените во Зоолошка излегоа на протест: „Велигден и Први мај ги поминавме без плата“

Sase Ivanovski

СДСМ: Владата на ДПМНЕ се фали со проекти на СДСМ, овој пат во Кавадарци

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Меморандум за соработка на МВР со Министерството за спорт, поддршка за модерни спортски капацитети и можности за сите полициски службеници и кадети

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Мицкоски: Отворен е регионален стационар за згрижување на бездомни миленици во Кавадарци

Sase Ivanovski

Мицкоски: Јавниот и државниот долг е најнизок во последните 5 години, очекувам намалувањето да продолжи

Sase Ivanovski

Мицкоски: 80 општини поднеле околу 900 апликации за реализација на проекти

Sase Ivanovski

Министерството за здравство: Денеска се враќаат осум пациенти од лекување од Турција, Бугарија и Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18 пациенти

Sase Ivanovski
Вчитувам....