Експертите веруваат дека земјоделската мерка која ја нуди владата од 100.000 евра за преселба во село е добра, но не е доволна, бидејќи според нив, потребни се многу средства за рурални работи и инфраструктура.
„Ова се атрактивни мерки, сите ги прават, а во Европа знаете дека за 20 евра можете да купите куќа во село во Италија, Франција и така натаму. Значи, ова се генерално добри мерки. Но, нема да биде доволно само да му се даде на човек земјиште, стара куќа, трактор, секое селско семејство има потреба од мешалка за бетон и машина за сечење дрва, да ги имате основните алатки за да можат да живеат. И второто нешто е семејството да одлучи, им треба училиште за своите деца, им треба градинка. Гледате, тоа е посложено“, додаде Бобан Илиќ, генерален секретар за рурален развој и животна средина (SWG) за Југо Источна Европа Државниот секретар во Министерството за земјоделство, од друга страна, верува дека оваа мерка ќе ги мотивира младите луѓе да се вратат во руралните средини и да се занимаваат со развој на земјоделството.
„Веруваме дека ова ќе ги мотивира младите луѓе да се вратат во руралните средини и да го развиваат земјоделството и руралните средини. Но, секако, имаме и многу програми во областа на руралниот развој поддржани од Европската Унија и други фондови. Значи, сметаме дека тоа ќе даде резултати, но сепак треба да воспоставиме добри критериуми и услуги за нивно користење“, рече Борче Серафимовски – државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Законот предвидува 100 илјади евра за сите млади парови кои се преселуваат на село и стануваат земјоделци. Оваа финансиска поддршка од Владата треба да им помогне на младите луѓе да инвестираат во изградба или реконструкција на објекти, да купат земјоделска механизација, земјоделско земјиште или добиток. Главен услов за добивање на оваа поддршка е да не се постари од 40 години, да се занимаваат со земјоделски активности и да живеат во руралната средина во рамките на семејната фарма во следните 10 години. Доколку младиот пар не го исполни условот да живее и работи во селото 10 години, ќе мора да го врати целиот износ на обезбедената поддршка.