Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов испровоциран од критиките од опонентите и порачува на Владата за сите министри и заменици, како и за директорите на агенциите да им набави „луксузни возила“ како што биле набавени за ЈП Струмица ГАС.
– Два дена ВМРО-ДПМНЕ Струмица ме обвинуваат мене и ЈП Струмица ГАС за луксузирање при набавка на возило DACIA DUSTER 1.0 eco за потребите на претпријатието… Еве ќе разберам, доколку е луксузно возилото, предлагам владата нека купи за секој министер, заменик, директори на агенции и слично, наместо скромни VW PASSAT или SKODA SUPERB, да ги набават луксузните DACIA DUSTER 1.0 eco. Доколку се прифати предлогот, се надевам дека при изготвувањето на спецификацијата ќе бидат особено родово одговорни, согласно нивните заложби при предлагање на закони и иницијативи – потенцира Костадинов на Фејсбук.
Еве ја неговата објава:
Но, Костадинов укажа и дека за разлика од новите набавки на Владата, конкретно возови за Куманово, кои според написите на некои медиуми се возат скоро празни, автобусите кои ги набави општина Струмица имаат голем бенефит за граѓаните.