31.8 C
Скопје
28/06/2025 13:12
МАКТЕЛ

   

Владата не размислува да ги намали цените на патарините, туку како подобро да ни ги наплати!

      

Во моментов, просечната цена на патарините во Македонија изнесува 4.13 евра на 100 км, што е повисоко од Србија (3.61 евра) и Бугарија (2 евра), а незначително пониско од Грција (4.41 евра). Во Хрватска, цената е просечни 6.22 евра на поминати 100 км. Кај нас, пак, на делницата Скопје – Демир Капија – Скопје со 12 евра, колку што чини неделна вињета во Австрија, може да се вози само два дена по релативно лош асфалтен пат.  Пишува: Орце КОСТОВ. На крајот на февруари, пратеничката група на Левица достави предлог за Законот за јавните патишта, со што би се намалила цената на патарините за пола од сегашната. Предлогот пред пратениците ќе се најде на 19 март. Ова е вторпат, политичката партија Левица да бара намалување на можеби најважната давачка за граѓаните што ги користат автопатиштата низ Македонија. Пред две години побараа и измена на Законот за јавни патишта, со која се предвидуваше намалување на цените на патарините за 50 отсто, но владејачката коалиција СДСМ-ДУИ го одби.

„Со години, македонските граѓани плаќаат високи цени за патарини, додека патиштата остануваат во катастрофална состојба. Со овој закон, износот што го плаќа народот за користење на патиштата ќе биде намален за половина, за сите категории на возила. Втората измена е тоа што висината на патарината и нивната наплата за првпат ќе бидат регулирани со закон наместо со правилник на влада, затоа што сега беше регулирано со правилник на влада, а не со закон“, изјави пратеникот Амар Меџиновиќ од Левица. Додека владееше во периодот од 2017 до 2024 во коалиција со ДУИ, СДСМ не успеа да ги намали цените на патарините. Тогашниот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски сметаше дека преминување од сегашниот систем со наплата на систем во вињета ќе биде дискриминирачки за граѓаните што ретко ги користат автопатиштата.

   

Сепак, Бочварски заборави на потребите на граѓаните и компаниите, пред сѐ оние за транспорт на стока и на патници, кои често ги користат делниците и тоа на крајот на денот влијае врз конечната цена на автобускиот превоз или на конечната цена на производите во супермаркетите и другите специјални продавници. – Со вињетите, моделот не е доволно праведен затоа што вињетка користи и оној граѓанин што патува секој ден на одредена дестинација и ги користи повеќе патиштата, отколку што некој можеби ќе наплати со регистрацијата вињетка, односно, патна такса, а притоа можеби и нема да ги користи јавните патишта. Праведен модел е на тоа кој повеќе патува да плаќа повеќе, отколку некој што користи само локални патишта – објасни Бочварски. 2,57 ДЕНАРИ ПО КИЛОМЕТАР  Жител на Гостивар што сака да оди на одмор во Грција со автомобил ќе плати 1.000 денари патарини за вкупно 460 километри во двата правци од автопатот до македонско-грчката граница и назад или 2,57 денари по километар автопат, што Македонија ја прави земја со најскапи, но не и најдобри патишта во Западен Балкан. Патникот што со автомобил ќе вози од Табановце до граничниот премин Богородица ќе плати 760 денари во двата правци.

Како пример за споредба може да се земе соседна Србија, која наплаќа патарина по затворен принцип, односно според поминати километри на автопат, а не според автопатска делница. Од граничниот премин Табановце – Прешево до српско-унгарската граница Хоргош има 600 километри во еден правец или вкупно 1.200 километри. Минувањето низ оваа делница во Србија, со поскапувањето на патарините од годинава ќе ве чини 48 евра во двата правци или 2,37 денари по километар, во категоријата за патнички автомобил, што е поевтино отколку кај нас. Во дел од европските земји, системот на наплата е со електронска вињета, која се издава на неделно, месечно или на годишно ниво. Во Бугарија се вози цел месец за 16,55 евра на автопатишта, експресни и магистрални патишта, во Романија цел месец се вози за 14 евра, во Словенија една недела чини 16 евра, а во Унгарија треба да се платат околу 17 евра за десет дена.

Кај нас, на делницата Скопје – Демир Капија – Скопје со 12 евра, колку што чини неделна вињета во Австрија, може да се вози само два дена по релативно лош асфалтен пат, без добро осветлување на клучките, и на одредени делници без лента за запирање, која е од исклучително значење за ваквиот вид сообраќај. Во моментов, просечната цена на патарините во Македонија изнесува 4.13 евра на 100 км, што е повисоко од Србија (3.61 евра) и Бугарија (2 евра), а незначително пониско од Грција (4.41 евра). Во Хрватска цената е просечни  6.22 евра на поминати 100 км. Намалувањето на патарините би било големо финансиско олеснување на оние граѓани што секојдневно патуваат на работа, ќе се намалат оперативните трошоци на бизнисите што на крајот може да ги намали и цените на стоките и услугите. А, со пониски цени на патарини или вињети, граѓаните претпочитаат повеќе да ги користат автопатиштата наместо алтернативните делници, со што се зголемува безбедноста во сообраќајот и се намалува бројот на сообраќајни незгоди.

ВЛАДАТА НЕ ГО МЕНУВА СТАВОТ  Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, својот став за ненамалување на патарините го вметна и во изборната програма за парламентарните избори во 2024 година. Во предизборната програма, владејачката партија најави дека нема намалување на цените на патарините, освен за електричните возила. „На сите патарини во Македонија ќе овозможиме електронска наплата, со што ќе добиеме многу поголема проточност на патиштата и намалена корупција. За електричните возила регистрирани во Република Македонија ќе биде намалена сумата за плаќање на патарини до 50 отсто“, пишуваше во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, со која оваа партија го доби мнозинството во македонското Собрание. „Фокус“ побара став од владата во однос на сѐ погласните поплаки од граѓаните, кои сметаат дека плаќаат најскапи патарини во регионот.

Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги намалува цените на патарините и размислува само за пософистицирани попрактични начини на наплата според досегашните цени. Ве информираме дека Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) постојано размислува за пософистицирани и попрактични начини на наплата и за интегрирани системи, кои би биле прифатливи и за државата и за граѓаните. Во моментов, наплатата на патарина се врши комбинирано преку „отворен систем“ и „затворен систем“ за наплата на патаринаДополнително, ЈПДП работи на стимулирање на електронската наплата за побрз проток на сообраќајот без задржување и создавање метеж на наплатните станици и размислувањата се во насока на полесен пристап до Мкард и Мтаг уредите и полесно надополнување на истите“, велат од владата. На прашањата дали треба да се продолжи со наплата на патарини и зошто не се размислува за нов попрактичен начин на наплата, како што се електронските вињети, од владата одговорија дека моделот на наплата е регулиран согласно меѓународните норми и Законот за јавни патишта.

Во однос на моделот на наплата патарина, тој во државата е регулиран согласно со меѓународните норми, како и со Законот за јавни патишта, во глава VIII Финансирање на јавните патишта. Активната методологија на пресметка е следна:  Износот на надоместокот за извозено растојание од еден километар (надоместок за поминат километар) за возилата од прва категорија Б (основна категорија), изнесува 2,5784 денари/километар по возило. Вкупното извозено растојание за кое се наплаќа патарина се пресметува со множење на надоместокот за поминат километар, со должината на делницата за која се врши наплата на патарина“, додаваат од владата. „Фокус“ испрати прашања и до кабинетот на министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, за тоа кој е неговиот став за патарините, но по 30 дена не добивме одговор. ПЛАЌАЊЕ СПОРЕД ПОМИНАТО РАСТОЈАНИЕ  Патарини во Македонија се наплаќаат според Законот за јавни патишта, кој вели дека ние имаме отворен систем на патарини и плаќањето е изедначено со Директива на Европската комисија: колку се користи, толку треба да се плати. Но, во Директивата 1999/62/ЕЗ е пропишано дека патарини мора да се наплаќаат според поминатото растојание и типот на возилото. „Патарините мора да се наплаќаат според поминатото растојание и типот на возилото, додека вињетите се категоризираат според времетраењето на користењето на инфраструктурата. Вињетите мора постепено да бидат исфрлени од патната мрежа TEN-T до 2030 година, со некои специфични исклучоци.

Националните патарини и вињети не смеат да го дискриминираат меѓународниот сообраќај. Особено, цената на краткорочните вињети треба да биде пропорционална за да не се дискриминираат повремените корисници. Ослободување од обврската за плаќање такси или намалени давачки може да се даде само во конкретни случаи и се забранети прекумерни попусти на патарините. Шемите за наплата треба да предизвикаат што е можно помали пречки за слободниот проток на сообраќај, избегнувајќи задолжителни проверки на внатрешните граници на ЕУ. Каде што е економски изводливо, тие треба да се одбираат со помош на електронски систем за патарина. За тешките возила, максималните просечни патарини мора да се утврдат во однос на трошоците за изградба, работење и развој на односната инфраструктура. Може да се применат ознаки за финансирање на транспортната инфраструктура на основната трансевропска транспортна мрежа “, стои меѓу другото во Директивата на ЕУ. Неофицијално, системот на наплата на новите автопатишта што ќе ги гради „Бехтел и Енка“ ќе биде затворен систем, сличен на тој во Србија. Оној што вози, во зависност од тоа каде ќе влезе и каде ќе излезе, така и ќе плати. Оваа промена ќе се прави со цел да не се застанува на секои 15 минути како на Коридор 10 и да нема застој на патарините. Но, никој не знае дали истото се планира и за Коридор 10.

ПАТАРИНИ И ЗА ЕКСПРЕСНИ ПАТИШТА  Според нашиот Закон за јавни патишта, автопат е категорија на пат со најмалку две возни ленти и една лента за принудно застанување. Но, делниците Катланово – Велес, Тетово – Гостивар и Гостивар – Тетово немаат лента за принудно застанување и затоа тие не припаѓаат во категоријата автопат, иако Државни патишта наплаќа патарини на овие делници. Згора на тоа, делницата без лента за сопирање, Катланово – Велес е дел од Е-75 Европскиот автопат, кој почнува во Варде, Норвешка, и завршува во Атина, Грција. Од Јавното претпријатие за државни патишта сметаат дека согласно Уредбата за критериуми за категоризација на јавните патишта и нивните ознаки, делниците ги исполнуваат условите за автопат. „Според државното, економското, стопанското и сообраќајното значење, како и нивото на изграденост, дел од државните патишта се категоризираат како автопатишта, експресни патишта и магистрални патишта (А-патишта) и служат за: – поврзување на Република Македонија во европскиот патен систем и одржување континуитет на меѓународната патна мрежа (меѓународните коридори – Е патишта), – поврзување на патната мрежа со меѓународни патни гранични премини и сообраќајно поврзување со патиштата на соседните држави“, стои во  Уредбата за категоризација.

Според законот за патишта, патарина се плаќа за користење „дел од пат, односно надоместок за употреба на јавен пат, негов дел или објект на патот (автопат), а надоместок за јавни патишта за моторни возила (патна такса) се плаќа за користење на сите патишта во државата“. Тоа значи дека македонските граѓани ѝ плаќаат на државата двапати: еднаш на наплатна станица и еднаш при регистрација на возилото преку надоместокот  за јавни патишта за моторни возила. Цените на патарините, односно висината и начинот на наплата на надоместок за употреба на пат ги одредува владата со одлука, која ја регулира оваа давачка. Надоместокот за патарина километар за возилата од прва категорија Б се зема како основна категорија. Врз основа на оваа владина одлука, Јавното претпријатие за државни патишта во 2023 година остварило  62 милиони евра годишен приход од патарини, што е 100 отсто зголемување на наплатата во однос на 2020 година. СКОПЈЕ – ВЕЛЕС ЗА 1.030 ЕВРА ГОДИШНО  Возилата што секојдневно ги користат автопатиштата, како што се камионите, автобусите и автомобилите со кои се патува на работа или такси-превозниците, плаќаат огромни суми за патарини на месечно ниво, а добиваат попуст само ако надополнат огромни парични суми на електронските картички.

Вредноста на бесконтактните М-кард изнесува 100 денари и минималниот износ на надополнување е 300 денари. Попуст за надополнување до 10.000 денари е 2 отсто или максимални 200 денари, за надополнување до 10.001 до 50.000 денари има попуст од 3 отсто или 1.000 денари, пет отсто попуст (15.000 денари) се добива ако се надополни сума од 50.001 до 300.000 денари, а за надополнета сума над 300.001 денари или над 5.000 евра се добива попуст од 7 отсто или 21.000 денари (350 евра). За да ги „уживате бенефитите од одобрените попусти, кои на подолг период имаат и одреден финансиски импакт“, како што велат од ЈПДП, треба однапред да имате прилично висока сума за надополнување. Превозниците на патници и на стока секако ги имаат овие средства, но не и оние работници што патуваат со автомобил од Тетово, Куманово или Велес кон Скопје и обратно. – Патувам од Велес кон Скопје секој ден цела година. Патарината ме чини 85 евра месечно или 1.030 евра годишно. За да добијам попуст од 3.000 денари, јас треба да надополнам максимални 1.030 евра. Па, кој има толку пари однапред. Или да подигнам кредит со камата од седум отсто за да добијам попуст од пет отсто. Прескапи ни се патарините, а возиме по лоши автопатишта, кои немаат ниту лента за застанување. Небезбедни се и не се одржуваат. Во Бугарија можам да возам цел месец за 15 евра по сите нивни патишта, а тука со оваа сума не можам да извозам ниту една недела на релација Велес –Скопје – Велес – вели вработен велешанец, кој секојдневно заедно со група колеги патува на работа во главниот град. Електронскиот систем за наплата на патарини во државава беше воведен во јули 2019 година. Текстот е објавен на 13 март 2025 година во неделникот „Фокус“, во бројот 1.536.

   

Најново

Трагично заврши потрагата по исчезнат прилепчанец

Sase Ivanovski

Страшни снимки од пожарот во близина на Атина – горат куќи, луѓе се евакуираат

Sase Ivanovski

Автобус полн со ученици падна во река во Англија, има повредени

Sase Ivanovski

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

Sase Ivanovski

,,Македонска“ вечер синоќа во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Украинa: Уништивме руски бомбардери на 900 километри од границата

Sase Ivanovski

Димитриевски најави поддршка на кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се воведува системот за е-фактура – крај за фантом фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра народни пари од Буџетот

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите

Sase Ivanovski

Вучиќ: Очекувам инциденти на денешните протести, насилствата ќе почнат помеѓу 20:45 и 21:45 часот

Sase Ivanovski

Филипче од Берлин: Овде сум да ги бранам позициите на Македонија, „современ“ пред јазикот не смее да помине

Sase Ivanovski

Конго и Руанда потпишаа мировен договор со посредство на САД

Sase Ivanovski

Видовдeн во Белград: Можеби сè, можеби ништо

Sase Ivanovski

Топлотен бран од понеделник

Sase Ivanovski

Муцунски: Американците треба да знаат дека македонските сојузници се со нив

Sase Ivanovski

ДУИ за кампањата против пописот од 2021: Опасен обид за поткопување на темелите на соживот

Sase Ivanovski

На масовна цеременија во Техеран погребани 60 жртви на израелските напади

Sase Ivanovski

Русија ноќеска ја нападна Одеса: Загинаа двајца, 14 повредени, меѓу нив и деца

Sase Ivanovski

ДУИ: Ја следиме координираната кампања за дискредитација на последниот попис

Sase Ivanovski

8 најдобри плажи во светот во 2025 година

Sase Ivanovski

Од утре нова забрана во Франција: Нема пушење на јавни места каде има деца

Sase Ivanovski

Денеска во 18 часот „Марш за ангелите“ во Кочани – сите се повикани да се придружат

Sase Ivanovski

Иран: На САД веќе не може да им се верува

Sase Ivanovski

ТРАМП ТВРДИ ДЕКА СПРЕЧИЛ НОВА ВОЈНА НА БАЛКАНОТ: „Србија сакаше да започне…“

Sase Ivanovski

Николоски и Караџов ќе се договараат за заедничкиот тунел на пругата кон Бугарија

Sase Ivanovski

СТУДЕНТИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПОДНЕСОА ПРИЈАВА ДО ОЈО: Директорката на Агенцијата за разузнавање Габриела Јаковлева по наредба на Христијан Мицкоски вршела внатрешна контрола во Агенцијата и му доставувала класифицирани информации

Sase Ivanovski

ЖИЖЕК: Злото треба да биде видливо – Говор, адаптиран и реинтерпретиран во светлината на новите ужаси, особено во Газа

Sase Ivanovski

Мицкоски: По долги години стагнација, Македонија се издигнува кон врвот со економскиот раст во првиот квартал

Sase Ivanovski

АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ОБЈАВИ ДЕКА ПАК ЌЕ ПОЧНЕ СО ИЗДАВАЊЕ СТУДЕНТСКИ ВИЗИ, ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВААТ И ПРОФИЛИТЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ НА АПЛИКАНТИТЕ

Sase Ivanovski

Герасимовски ги повика скопјани на концерт: Вечерва заедно ќе уживаме на филмска музика со Тарабунов и камерен оркестар, ве чекам – дојдете!

Sase Ivanovski

Кац: Сакавме да го елиминираме Хамнеи, но тој се сокри

Sase Ivanovski

НА ЕСЕН ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА: Во Штип ќе се отвара фабрика, ќе инвестира 36 милиони евра и ќе вработи 150 лица

Sase Ivanovski

Зоран Китанов најуспешен новопечен бизнисмен со електрична енергија како функционер од претходната власт

Sase Ivanovski

Приведени возачи од Куманово, Кочани и Македонски Брод затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Две деца исчезнати во Германија од 2023 година пронајдени живи

Sase Ivanovski

„Центарска симфонија“ вечерва на плочник во Центар

Sase Ivanovski

Новиот гадоначалник на Њујорк ќе биде 33 годишен социјалдемократ, Зохран Мамдани: Нов профил на непријател за Трамп?

Sase Ivanovski

Повеќе општини пријавиле штети како последица од невремето

Sase Ivanovski

Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја

Sase Ivanovski

Во Србија одбележуваат Видовден – Владата на централна прослава во Крушевац, студентите на протести, литературна вечер, одликувања…

Sase Ivanovski

Откриено тајното оружје на ракот: Еве што им дава енергија на туморите да се шират во телото

Sase Ivanovski

Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост

Sase Ivanovski

На ГП Табановце се чека околу 30 минути

Sase Ivanovski

Иран го напаѓа Гроси – го обвинува за „злобни намери“

Sase Ivanovski

Сенатот му даде овластување на Трамп да нареди нови воени операции во Иран без одобрение од Конгресот

Sase Ivanovski

Кирков: Додека Скопје се дави во смет на 40 степени, Данела му дели тендери на Беџети

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Калифорнија: Полицајци спасија бебе оставено во автомобил на горештините

Sase Ivanovski

Прајдот во Будимпешта ќе се одржи и покрај заканите

Sase Ivanovski

Маричиќ: Не ни треба извештај во кој ќе се додаде „современ македонски јазик“. Било каква додавка, придавка не треба да има ниту за македонскиот јазик, ниту за идентитетот

Sase Ivanovski

Перински: Градиме ефикасна, квалитетна и современа локална самоуправа која ги одразува потребите на граѓаните

Sase Ivanovski

Од 1 јули Босанците ќе плаќаат помали придонеси

Sase Ivanovski

Судан: 13 убиени во гранатирање од паравојската во Фасер, Дарфур

Sase Ivanovski

(ФОТО) „КОЈ Е ОВОЈ ВИСОКИОТ? СПИЕШЕ КАЈ НАС ВО ХОТЕЛ“ Газдарица во Италија го смести Јокиќ, па му испрати фотка на маж ѝ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Почнаа погребите за загинатите во војната со Израел

Sase Ivanovski

Денеска и утре во Скопје авионско прскање против комарци

Sase Ivanovski

Сончево време со благ пад на температурите

Sase Ivanovski

Филипче ќе присуствува на Конгрес на СПД во Берлин и ќе има средба со германскиот вицеканцелар Клингбајл

Sase Ivanovski

Иранскиот министер за надворешни работи го одби барањето на МААЕ за посета на нуклеарните објекти

Sase Ivanovski

Трамп не ја исклучува опцијата за ново бомбардирање на Иран

Sase Ivanovski

Русија го зазеде клучното литиумско наоѓалиште Шевченко во Украина

Sase Ivanovski

Трамп: Ги прекинуваме трговските преговори со Канада и воведуваме нови царини

Sase Ivanovski

Вучиќ ги одби барањата на студентите во блокада: Србија не прифаќа ултиматум

Sase Ivanovski

Ист трик и во Македонија и во Хрватска – лажни лекари телефонски ловат жртви барајќи пари

Sase Ivanovski

Синот на норвешката принцеза обвинет за силување

Sase Ivanovski

ДУИ: Мицкоски започна со бојкот на пописот, Меџити продолжува со дискредитација на резултатите

Sase Ivanovski

Синдикатот на шумската полиција исклучен од КСОМ, вработените без решение – одјавата невозможна

Sase Ivanovski

Кривична пријава против 16-годишно момче од Скопје: Нанело убодни рани на 17-годишник!

Sase Ivanovski

ИНЦИДЕНТ НА КЛИНИЧКИ, ВРАБОТЕНА НАПАДНАТА ОД КОЛЕГА Жена од Скопје тврди дека била претепана на работа

Sase Ivanovski

ПАРИ: 100 МИЛИОНИ ЕВРА ПРИХОДИ, 20 МИЛИОНИ ПРОФИТ ОД БРЗИТЕ ЗАЕМИ – Профитот зголемен за 78 насто

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Според пописот ќе има помалку општински советници значи помалку џаболебари, нели тоа сите го баравме или сто стапа по туѓ грб не болат!?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОЧОВСКА: ПАРИТЕ ОД СОЛИДАРНИОТ ДАНОК ЌЕ ГИ ВРАЌАМЕ ОД ДОГОДИНА, НЕКОИ ФИРМИ ИЗРАЗИЈА ЖЕЛБА ДА ГИ ДОНИРААТ ПАРИТЕ ВО ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БУГАРИТЕ ЛУТИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ ВО ИЗВЕШТАЈОТ: Обвинуваат дека македонската влада платила 3 милиони евра за лобирање во Брисел

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „СЕ СЛУШНА ЕКСПЛОЗИЈА“: Изгоре стан во Делчево, едно лице пренесено во болница

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЗДРАВСТВОТО: Прво изградба на болниците во Штип и Кичево, а потоа и нов клинички центар во Скопје

Sase Ivanovski

За девет месци откриени 30 милиони евра криминал: Мицкоски дециден дека оваа влада стои зад граѓаните, а не зад криминалците и тајкуните

Sase Ivanovski

Интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд на собраниска седница на 9 јули

Sase Ivanovski

Авионска и терестрична дезинсекција во Скопје – градот започнува со прскање против комарци

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Голем предизвик е да се одвојуваат пет проценти за одбраната, но како членка на НАТО имаме обврски што треба да ги испорачаме

Sase Ivanovski

УЈП пишала глоба на Пулс газдата платил. Поради „конфузија“ му бил запечатен кафе барот, тврди Петрова

Sase Ivanovski

ЛЕВИЦА: Советниците од ДПМНЕ избегаа за да не ја разрешат осудената претседателка на УО на КХС!

Sase Ivanovski
Вчитувам....