Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план, визија и вложува во земјоделските политики. Земјоделците повеќе не се оставени на милост и немилост како што тоа го правеше владата на СДС и ДУИ. Сега земјоделците своите субвенции ги добиваат навремено. Се следи состојбата со откупот, пласманот и цената. Довербата помеѓу откупувачите и земјоделците се гради за да имаме рентабилно земјоделско производство. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води вистинската грижа кон земјоделците и ја покажува на дело. Се изврши исплата во износ од 80.440.060,00 денари од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Исплатени се 32.596.860,00 денари за растително производство.
За овошни насади од подмерка 1.8 исплатени се 19.679.962,00 денари кон 1.198 корисници. За Лозови насади исплатени се 12.916.898,00 денари кон 181 корисник за подмерка 1.11. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите категории земјоделци подеднакво и за лозарите, овоштарите, сточарите, оризопроизводителите. За сточарско производство исплатени се 47.843.200,00 денари. За обележани женски грла говеда од подмерка 2.1 исплатени се 27.829.600,00 денари кон 406 корисници, За обележани грла овци од подмерка 2.8 исплатени се 20.013.600,00 денари кон 173 корисници. Претходно се реализираше исплата на мерките за одгледани и продадени или заклани бројлери и за амортизирани несилки. Исплатени се 10.909.520,00 денари за мерката за одгледани и продадени или заклани бројлери на земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани бројлери.
Исто така извршена е исплата од 105.178.050,00 денари кон 32 корисници на мерката за амортизирани несилки заклани, регистрирани кланични капацитети се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани амортизирани несилки во период од 1 октомври 2023 година до 30 септември 2024 година во регистрирани кланични капацитети. Земјоделците имаат партнер во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува и се грижи за зголемување на конкурентноста и подобрување на доходот на сите земјоделци.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ