Владата ги задoлжи државните институции, а препорача и до локалната самоуправа и приватниот сектор да ги ослободат од работа сите вработени на подрачјето на Кочани утре, кога ќе се изврши погребот на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Истовремено, здравствените објекти, образовните институции и градинките да организираат вршење услуги согласно потребите, се наведува во заклучоците од владината седница. МВР е задолжено да преземе безбедносни и сообраќајни мерки, а за медиумите е изготвен посебен протокол и тие ќе бидат во заеднички простор, оддалечени 300 метри од капелата, за да се заштити приватноста на семејствата и безбедно да се следи погребот.