Прифаќајќи ја наградата во негово име, неговата сопруга Евгенија Кара-Мурза, се заблагодари што се слушнал гласот на нејзиниот сопруг, кој е затворен во затвор во Сибир Затворениот руски дисидент Владимир Кара-Мурза доби Пулицерова награда за неговите колумни напишани за „Вашингтон пост“ во кои се критикува војната во Украина и задушувањето на демократијата и слободата на говорот.
Четириесет и две годишниот политичар, автор и историчар доби награда од 15.000 долари, за, како што се наведува во соопштението на одборот на Пулицер, колумните пишувани под голем личен ризик од неговата затворска ќелија, предупредувајќи за последиците од несогласувањето во Русија и инсистирањето на демократска иднина за неговата земја. Станува збор за седум колумни објавени во периодот меѓу јануари и јуни 2023 година, напишани од неговата затворска ќелија откако беше затворен претходната година под обвинение за предавство и ширење лажни вести за војната за кои беше осуден на 25 години затвор.
Прифаќајќи ја наградата во негово име, неговата сопруга Евгенија Кара-Мурза, му се заблагодари на „Вашингтон пост“ што се погрижи да се слушне гласот на нејзиниот сопруг, кој е затворен во затвор во Сибир и со никого нема комуникација.