МАКТЕЛ

    

Влеговме во ерата на „мицковизмот“

      

Кога пратеник на седница на Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски врз која основа јавно се заканува дека „ќе ги влече за уши“ обвинетите за криминал, Мицкоски му довикна – „според мој закон“. Нашиот крал Сонце ги достигна царските височини кога во парламентот ги извика овие три збора. Премиере, недостасуваше да замените само еден збор, па да се прогласите за Луј 14 на 21. век. Дали сте свесен што му дофрливте на пратеник во Собранието и на јавноста кога арогантно ги изговоривте овие три страшни зборчиња: „според мој закон“. Тоа не е ништо поразлично од „државата тоа сум јас“. Ако бевте испровоциран дотаму, имаше доволно време да се извините, или пак навистина сметате дека по вашиот закон треба да работите.

Jас, па јас, се зборови кои премиерот Мицкоски во манир на кафеански чалам најчесто ги употребува. Тоа многу кажува за личноста која ја има најодговорната функција во државата. Еден друг пратеник, претседател на политичка партија, постави неколку прашања и изнесе повеќе констатации на кои ништо не му одговори премиерот, туку го обвини дека купил деловен простор за партијата по повластени цени, притоа презентирајќи фотографии и документи очигледно подготвени како одговор на веќе очекувани прашања од пратеникот. Што беше толку страшно што премиерот го прескокна одговорот. Најверојатно е дека таквата арогантна реакција е поради најавата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, дека ќе поднесе кривична пријава за оддавање на службена тајна и попречување на правдата, бидејќи на прес-конференција премиерот Мицкоски ја објави лажната лиценца на клубот „Пулс“ во Кочани каде животите ги изгубија 61 луѓе. По тоа уследи уште една во низата големи бруки во провладините медиуми кога без да ги објават прашањата на пратеникот се објави само одговорот на премиерот како главна вест, која нема врска со тоа што праша пратеникот Апасиев. Или пак има врска со цената на деловниот простор во „белата палата“ на ВМРО ДПМНЕ која не е по повластена цена, туку џабалак. Импозантен споменик на македонската корупција. По 34 години македонска „парламентарна“ демократија премиерот, министрите, пратениците и јавноста веќе би морало да знаат што значи кога премиер и министри напаѓаат народни избраници и се закануваат со кривични пријави наместо да одговорат на пратенички прашања. Тоа е срамен однос кон највисокиот законодавен дом и кон јавноста, тоа е деградација на парламентарната демократија. Тоа е заробена држава, каква што имавме цели 11 години во време на ерата на „груевизмот“.

   

Уште колку луѓе треба да умрат

Преку постапките на носителите на извршната власт во Собранието и со начинот на кој се обраќаат на јавноста, со заканите и сеење страв, со притисоците врз целиот правосуден систем, врз медиумите и врз синдикатите, недвојбено е дека Македонија влезе во период на авторитарен систем со пожестока страховлада од деценијата на „груевизмот“. За само девет месеци е инсталирана нова ера на „мицковизам“. Еве уште неколку прашања и факти кои го потврдуваат тоа, на кои сѐ уште нема одговор, иако повеќепати се поставени јавно. Уште колку луѓе треба да умрат од пожарот во кочанската штала за премиерот да почувствува морална одговорност и да си поднесе оставка. Моралната оставка не се однесува на директна вина. Таа по вакви големи трагедии поради незаконско работење и без потребната превентива е неопходна во демократските држави за да се обезбеди непристрасна истрага. Досегашните јавни обвинувања од носители на власта, вклучувајќи го премиерот и министерот за внатрешни работи, не само што наштетуваат на истрагата, туку се и директен притисок врз правосудниот систем.

Како се случи судиите и обвинителите со два отсто довераба во јавноста, да стекнат преку ноќ стопроцентна доверба дека успешно и неселективо ќе ја водат истрагата и судските процеси. Дали е во прашање „пазар“ со јавниот обвинител од кој до вчера се бараше оставка. Или сега „довербата“ во јавниот обвинител е времено замрзната во зависност како ќе се откриваат и судат виновниците според законот на премиерот Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ. Колку проценти доверба во Владата и премиерот се потребни за да се поднесат оставки. Дали се доволни само 10, 15,20 проценти поддршка на владата за да се применат истите критериуми како за правосудниот систем. Или ќе чекаме таа да стаса до два проценти.

Зошто не се спречи трагедијата во Кочани

Еве уште едно клучно, најзначајно, прашање на кое премиерот ниту еднаш не даде одговор, туку ја сврти работата во негов веќе лесно препознатлив стил на популизам. Тоа гласи: дали трагедијата во Кочани можеше да биде спречена ако функционираа институциите на системот за кои е надлежна Владата и нејзините институции по девет месеци и на општините безмалку по четири години на власт. На тоа, наместо јасен одговор се повторува по стопати дневно дека ќе се апсат неселективно наназад 30 години сите виновници за сите големи несреќи што се случиле во Македонија. Класична релативизација на кочанската трагедија. На јавноста и се сервираат приказни за лиценци, за корупција, за сѐ што нема врска со фактот зошто не се спречи најголемата трагедија во Македонија, бидејќи, не само таа вечер, имаше повеќе груби прекршувања на законите во кочанското огнено „кабаре“.

Како тоа поранешни началници на полицијата се уапсени, а министерот за внатрешни работи не чувствува ни морална одговорност за експресно да даде неотповиклива оставка. Врз која законска основа се заканите на власта врз медиумите да не се објавуваат снимки и извештаи од траорните настани и погребите под закрила да не се политизира трагедијата, па тоа да го дознаваме од странски медиуми. Познати се одговорите на сите овие прашања. Еден ден ќе ги дознае и пошироката јавност. Преплашена е власта, бидејќи трагедијата можеше да биде спречена ако се почитуваа законите на државата, а не законот на Мицкоски. Дали заради тоа и заради многу други работи Владата ќе ги оценува медиумите што и како ќе објавуваат. Загрижувачки е медиумскиот мрак по објавениот тендер на Владата да ангажира фирма која ќе изработи софтвер за оцена на медиумското влијание со претходен надзор на сите медиуми, вклучувајќи ги и онлајн и печатените медиуми, како и социјалните мрежи.

Сите вести ќе се оценуваат дали се позитивни, негативни, или неутрални, а ќе се прибираат и податоци за авторите. Софтверот, пишува во условите на тендерот, треба да овозможи податоци за медиумот што ја објавил веста и за името на авторот. Владата бара информации тоа да го дознае во реално време, веднаш по нивното објавување, а најмалку два часа по објавата. Владата уште бара модул за вештачка интелегенција, како и мобилна апликација за сите видови паметни телефони. Погодете зошто тоа им треба. Со други зборови, Владата се подготвува да биде колективен главен уредник и цензор на сите медиуми во Македонија. Тоа што во ерата на „груевизмот“ се работеше со прислушување на илјадници луѓе, сега во ерата на „мицковизмот“ ќе се работи легално, озаконето и јавно. Тоа малку што остана неуништено во македонската „демократија“ сега ќе се докрајчи како голем успех на власта. Формулата е многу едноставна и добро позната во тоталитарните општества. Тоа што не е објавено, не се ни случило. Се брише светото правило на новинарството да не се биде сведок на страна на тие што умислувават дека прават историја, туку да се биде на страната на тие што страдаат од таа лажна историја во битките за власт. (nezavisen.mk)

Ерол Ризаов

  

Најново

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е партија која најмалку се грижи за работниците и платите на граѓаните

Sase Ivanovski

ЗАДОЛЖИТЕЛНО МЕСЕЧНО ЧИТАЊЕ НА БРОИЛАТА И АВТОМАТСКА КОРЕКЦИЈА НА ПАУШАЛНО ИЗГОТВЕНИТЕ ФАКТУРИ ЗА СТРУЈА – СОСТАНОК СО РКЕ НА 11 АПРИЛ

Sase Ivanovski

СДСМ: Зошто четири недели по трагедијата во Кочани се уште нема проширување на истргата?

Sase Ivanovski

Илиевски: Од огромно значење е поддршката на Владата за општините, се решаваат децениски проблеми во Брвеница

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек кој има криминален багаж зад него, исто како Заев

Sase Ivanovski

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води вистинската грижа кон земјоделците и ја покажува на дело, исплатени се субвенции за повеќе категории на земјоделци

Sase Ivanovski

Влада: Континуиран раст на платите – За шест месеци зголемување од 15 проценти во здравство, 12 во образование и 10 за полициските службеници

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков на дебата “How can we make Europe great again?“

Sase Ivanovski

Петте најпознати проруски дезинформации на новинарот Такер Карлсон

Sase Ivanovski

Се губи надежта за пронаоѓање на преживеани по уривањето на покривот на ноќниот клуб во Доминиканската Република

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Детален водич за важноста на менување изглед на ликовите во видеоигрите: „Mенување скинови“

Sase Ivanovski

Изгоре Цитроен кај Клинички центар, огнот зафатил уште едно возило и фасада на зграда

Sase Ivanovski

Зеленски тврди дека 155 Кинези се борат за Русија во Украина

Sase Ivanovski

Спречен шверц на облека и огревно дрво на македонско-косовската граница

Sase Ivanovski

Десетици луѓе под истрага за злоупотреба на лични податоци и измами со брзи кредити

Sase Ivanovski

ЕУ ќе паузира со предвидените царини кон САД по трговскиот пресврт на Трамп

Sase Ivanovski

ЕУ објави повик за приватни инвестиции во Западен Балкан

Sase Ivanovski

Објавен е првиот пакет на повици во рамките на програмата „Дигитална Европа“ за 2025 година

Sase Ivanovski

Балерината која беше затворена поради донација за хуманитарна организација за Украина е ослободена во размена на затвореници

Sase Ivanovski

Колумнистот Дејан Илиќ повикан во полициска станица после гостување во „Н1“

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД, ние остануваме на дискусиите за слободна трговија

Sase Ivanovski

MВР: Не внесувајте лични податоци ако ви стаса порака со такво барање на мејл, смс или на месинџер

Sase Ivanovski

Виктор Понта дозволил поплавување на романски села за да го заштити Белград во 2014 година

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Почна протестот на „Кој е следен?“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дрво падна врз паркиран автомобил на улицата Веселин Маслеша во Карпош 2. За среќа, не е повреден ниеден од минувачите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аргумент плус – Разговор со Ашмет Елезовски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во Општина Струга било навика да се купуваат скапи возила?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гореше автомобил на ул. „Владимир Назор“ во близина на Државна болница

Sase Ivanovski

Триесет и едногодишен кумановец бил приведен по пријава дека следел и вознемирувал 27-годишна девојка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Агим Јонуз се извини на Канал 5 ТВ и Мирчевски – Извинувањето е прифатено

Sase Ivanovski

Африм Гаши: Словенија останува силен подржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Sase Ivanovski

Муцунски: Денеска, на маргините на Делфи економскиот форум во Грција, остварив средба со мојот колега – министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис

Sase Ivanovski

(ФОТО) Како ЕУ да биде повторно силна? – Универзитет Скопје домаќин на високи европски гости од Унгарија

Sase Ivanovski

Прада го носи Версаче дома за да создаде италијански претендент за луксуз

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков: Со Унгарија негуваме долгогодишно пријателство, кое се темели на идејата за создавање на силни и економски просперитетни општества

Sase Ivanovski

Министерството за внатрешни работи: МВР ги известува граѓаните дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истраги и справување со phishing (фишинг) напади, кои имаат за цел да ги измамат граѓаните и да ги добијат нивните лични или финансиски податоци

Sase Ivanovski

ФЗО за истрагата поврзана со измами со т.н. „брзи кредити”: Ја поддржуваме работата на надлежните институции и ги обезбедуваме сите потребни информации за спроведување на истрагата.

Sase Ivanovski

Сашо Клековски: Историско зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита – одржана панел-дискусија во Владата на Република Македонија

Sase Ivanovski

Средба на Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

СРЕДБА НА ГЕНЕРАЛНАТА СЕКРЕТАРКА ДИМОВСКА СО НЕЈЗИНАТА СЛОВЕНЕЧКА КОЛЕШКА ЗОРЕ ТАВЧАР

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Парасистемот на СДС и ДУИ во судството ја гази правдата и ја урива државата

Sase Ivanovski

(ЕКСКЛУЗИВНО) Објавена публикацијата „Одбрана на демократијата и човековите права“: Глобален патоказ против војната, национализмот и авторитаризмот

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука: Промовирана нова Стратегија за образование на возрасните 2025-2030

Sase Ivanovski

Општина Чаир: Завршена фекалната канализација – следува нов водовод на улицата Дижонска 17

Sase Ivanovski

Кумановец ќе одговара за запуштање и малтретирање на малолетно дете

Sase Ivanovski

МТСП: Работен состанок на министерот Лимани и заменикот Велковски со директорите на центрите за социјална работа и установите за социјална заштита

Sase Ivanovski

Историско зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита: Одржана панел-дискусија во Владата на Република Македонија

Sase Ivanovski

Средба на Милошоски и членови на КЕП со претседателката на Државниот збор: Реафирмирана силната поддршка од Словенија за евроинтеграцијата на Северна Македонија

Sase Ivanovski

Министерството за здравство информира дека денеска се враќа еден пациент, кој беше на лекување во Бугарија

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана: Министерот Мисајловски на Денот за високи гости на вежбата „Seven Stars 25“: развојот на интероперабилноста во SEEBRIG значи побезбеден регион и посилна Алијанса

Sase Ivanovski

Дигитална инклузија: Клучни препораки во рамки на дебатата за пристапни дигитални алатки и услуги на локални и државни служби.

Sase Ivanovski

СДСМ: Очајни лаги на ДПМНЕ за Филипче, и ДКСК ги демантираше нивните невистини

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Денес заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шакири остварив работна средба со ЗЕЛС.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Неформално на „Сител Поткаст“: Прва психолошка помош со Васка Митова

Sase Ivanovski

Вандализиран споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје

Sase Ivanovski

Гол маж се прошета низ центарот на Скопје, брзо е приведен

Sase Ivanovski

Нема повредени во пожарот близу Клинички, се запалил „цитроен“, зафатил „пунто“ и фасада од зграда

Sase Ivanovski

ДЗР за затворите: Пренатрупаност, лоши услови и слаба безбедност

Sase Ivanovski

Трамп ги стопира царините на 90 дена за сите, освен за Кина

Sase Ivanovski

Хорор на Евија: Дедо го повикал новиот сопственик на неговата куќа, па три пати пукал во него

Sase Ivanovski

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Sase Ivanovski

Паузирањето на царините цело време беше дел од стратегијата на Трамп, вели министерот за финансии на САД

Sase Ivanovski

Повисоки температури, но со повремен дожд и ветер

Sase Ivanovski

Продолжуваат судењата против Мерко за незаконско поставување директори во повеќе училишта

Sase Ivanovski

Јанош Бока, унгарскиот министер за европски прашања во Скопје

Sase Ivanovski

Демократите излегоа со план: Елон Маск мора да го напушти тимот на Трамп до лето

Sase Ivanovski

Зелен хуман град со протестен марш во сабота за труењето од рудникот Тораница

Sase Ivanovski

ДУИ: Назначувањето на Богојески за директор е директна провокација за Албанците

Sase Ivanovski

Русија синоќа ја нападнала Украина со 145 дронови

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен ја поздрави одлуката на Трамп за паузирање на царините

Sase Ivanovski

Пет дена се трага по исчезнато лице од Степанци

Sase Ivanovski

Зајакнување на соработката помеѓу полицијата и обвинителството во Северна Македонија

Sase Ivanovski

МВР поднесе кривични пријави до ОЈО за 43 лица поврзани со измами со „брзи кредити“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Венко Филипче беше фатен жив во шема за земање провизија за вакцини за КОВИД во аферата Стабри, тој нема никаков кредибилитет, да си поднесе оставка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АФРИМ ГАШИ СО СЛОВЕНЕЧКАТА КОЛЕШКА УРШКА КЛАКОЧАР ЗУПАНЧИЧ

Sase Ivanovski

Ударни вести: Трамп ги паузираше царините за повеќето земји на 90 дена

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АТРАКЦИЈА НА ПЛОШТАД: АЛПИНИСТИ ЈА ЧИСТЕА ФОНТАНАТА ВОИН НА КОЊ

Sase Ivanovski

Дентални импланти или дентални мостови? Клиника Жан Митрев знае кој е вистинскиот избор за вас

Sase Ivanovski

Пролетта е време кога се буди природата, затоа разбудете ја грижата за сопственото здравје. Клиника Жан Митрев подготви голем број прегледи со акциска цена

Sase Ivanovski

Проф. д-р Владимир Поповски од Клиника Жан Митрев – 25 години на патот на иновациите и медицинските достигнувања

Sase Ivanovski
Вчитувам....