„Ја информираме јавноста дека не сме разговарале за попис пред редовниот рок и дека нема да има друг попис следната година. Секој иден попис мора да биде резултат на длабинска анализа и политички консензус. Таа мора да ја исправи измамата на ДУИ и на СДСМ и да обезбеди фер, инклузивен и прифатен процес од сите страни.
ВЛЕН останува цврсто во одбрана на албанската дијаспора, која со децении е главен столб на економскиот, социјалниот и националниот опстанок на Албанците во Северна Македонија. Тие не се „нерезиденти”, туку се неразделен дел од нашата нација и директен придонесувач за развојот на нашата земја.Предавството што ДУИ го изврши против нашата дијаспора никогаш нема да се заборави. Тоа е црна дамка врз политичката совест на оваа партија. Но, сега, по одлуката на Уставниот суд, достоинството на секој Албанец се врати. Ова е победа за вистината и правдата.Албанската дијаспора претставува и ќе продолжи да претставува легитимен дел од националниот процес на донесување одлуки.ВЛЕН секогаш ќе стои на нејзина страна“, додадоа оттаму.Извор: fokus.mk