Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен повика на „наплив“ на европските трошоци за одбрана, бидејќи блокот од 27 нации се соочува со агресивна Русија и слаба поддршка од САД. Обраќајќи им се на пратениците во Стразбур, фон дер Лајен рече дека безбедносниот поредок на Европа „се разнишува“, што укажува на тоа дека континентот повеќе не може да се потпира на „целосната заштита на Америка“. „Времето на илузии сега заврши.
Европа е повикана да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана“, рече претседателката на Европската Комисија пред парламентот на ЕУ. „Ни треба наплив на европската одбрана. И таа ни треба – сега“, додаде Лајен. Брисел веќе испрати јасен сигнал дека се движи во таа насока, при што лидерите на ЕУ минатата недела го одобрија планот на комисијата чија цел е да се мобилизираат до 800 милијарди евра (860 милијарди американски долари) за зголемување на трошоците за одбрана. Одбранбениот план предлага да им се обезбедат заеми на членките поддржани од ЕУ до 150 милијарди евра и ги олеснува фискалните правила за да им се овозможи на државите да трошат многу повеќе.