СДС, партијата која ја ограби државата, глуми морален судија! СДС, партијата која систематски ја ограби Македонија, денес глуми борец против корупцијата! Наместо да молчат и да бараат адвокати за своите скандали, тие имаат дрскост да се закануваат со истраги?! Ова е врв на лицемерието и очајот на СДС. Додека беа на власт, Македонија тонеше во корупциски скандали, тендери вредни милиони завршуваа во џебовите на нивните луѓе, администрацијата беше полна со партиски војници, а судството служеше како заштитен штит за криминалците во нивните редови. Денес, кога народот им ја покажа вратата, тие се обидуваат да се перат со лажни напади и евтини конструкции.
Корупцијата денес не е и нема да биде толерирана, без разлика кој е во прашање.
Секој што ќе прекрши закон ќе одговара – но не врз основа на прес-конференции на СДС, туку врз основа на факти и институционални постапки. Срамота е што партија со толку црно минато има образ да зборува за корупција. Уште поголема срамота е што по толку порази, сè уште не разбраа дека народот веќе не им верува!