Почитувани, Злоупотреби со притвори, изживување со судења кои траат по 12 часа, неосновани апсења, стигматизирања, политички говори во судница, уништувања на семејства и поигрување со нивните судбини, споро убивање на правдата се дел од политичките злодела на дел од партиските судии на Заев, Филипче, СДС и ДУИ.
Ако срамот имаше второ име сигурно тоа ќе се викаше Добрила Кацарска и Илија Трпков. Со вистинско чудење сеуште се раскажуваат телефонските повици и нарачки кои овие политички извршители ги добивале од Владата на Заев и Филипче во процесите кои ги водеа, а чија цел беше наместо докажување на правда, силна политичка пресметка.
Исто како што се раскажува и сервилноста, понизноста и бесрамноста со која истите судии, слуги на СДС и ДУИ, ги кршеа и газеа процедурите, законите и носеа одлуки со кои зацрнуваа семејства. Се натпреваруваа кој ќе направи поголема штета врз ВМРО-ДПМНЕ во исто време кога милионскиот грабеж на Македонија од Ахмети, Филипче и Заев остануваше неказнет.
Нивните одлуки беа срам и преседан за судството и обвинителството, а за многу помали работи истите тие не само што требаа да бидат разрешени од судии, тие требаат и мораа да се соочат и со кривична одговорност и да бидат ставени на столбот на срамот како ја понижуваа и сопираа правдата.
На сето ова мора да му дојде крај. Токму затоа СДС не ги поддржува судските реформи и не поддржува смена на Коцевски. Затоа што тие се последната брана за правдата која мора и ќе биде победена.