Апсурд е СДС да говорат за економија, истите кои народот го оставија со 150 денари на ден.
Апсурд е СДС денес да говори за економија, бидејќи тие се истите кои го уништија животниот стандард, кои инфлацијата ја донесоа над 20%, кои го задолжија народот – јавниот долг во нивно време беше 65% од БДП.Апсурд е СДС да зборува за плати и пензии, кога тие заборавија што значи зголемување на истите. Во нивно време единствено се зголемуваа цените во маркетите и сметките за струја, а платите – стагнираа.Апсурд е СДС за зборува за економија, кога во нивно време дојдовме до раб на банкрот и платите во институциите доцнеа, или пак не се исплаќаа со месеци, а денес платите се добиваат на време како што доликува, а Македонија е 4-та економија во Европа.
И ја разбираме безидејноста на СДС, бидејќи како опозиција кога имате власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која зголеми пензии за 5000 денари, плати во образование, здравство, МВР и други институции, кога имате рекордни странски директни инвестиции од 1,2 милијарди евра за само 6 месеци, оперативен план во кој младите се главен план од 40 милиони евра, се градат истовремено 4 автопати, општините и бизнисите имаат поддршка над 500 милиони евра и поддршка економска и политичка од земја како Обединетото Кралство, нормално е да излагате со соопштенија и прес-конференции и да говорите невистини, бидејќи немате за што друго да зборувате.ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги гради темелите на промените, а СДС нека се занимава со деструктивни соопштенија и прес-конференции.