Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги санира штетите од владеењето на СДС и ДУИ во здравството и е посветена на подобрување на условите за работа во интерес на сите граѓани. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го зајакнува здравствениот систем, вложува во услови, кадар и достоинство на сите здравствени работници. Вработените во здравството добија покачување од 5 проценти со мартовската плата исплатена во април. За прв пат после долг период, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за зголемување на капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија, почнувајќи од април 2025 година. Се зголеми капитациониот бод за општа медицина и гинекологија за 33 проценти. Се зголеми капитациониот бод за стоматологија за 23 проценти. Се зголемува капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина и гинекологија од 75 на 100 денари, додека за стоматологија од 61 на 75 денари. Зголемувањето на капитацијата на матичните лекари значи повисоки плати и помотивирани лекари.
Претходно, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има слух и за медицинските работници особено за средниот медицински персонал. Вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во еден мандат. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи напорно за значително да се подобри финансискиот статус на сите вработени во здравствените установи. Со владата на ВМРО-ДПМНЕ стартува трансформација на здравствениот сектор, следуваат реформи во здравствениот систем, со што граѓаните конечно ќе добијат квалитетни и навремени здравствени услуги.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ